СДСМ преку одговорни, ефикасни и навремени економски политики и предвреме ги остварува ветувањата дадени пред граѓаните, велат од владејачката партија.
-Минималната плата од наредниот месец се зголемува за над 2.000 денари на 20.175 денари.
-Со ова една и пол година предвреме, СДСМ го оствари ветувањето дадено пред граѓаните во 2020 година за минимална плата од 20.000 денари до крајот на мандатот.
-Претходно, исто така на година и половина од крајот на мандатот, реализирано е уште едно клучно ветување, за просечна плата од 34.000 денари.
-28 месеци од почетокот на мандатот на оваа Влада, во декември 2022 година, просечната плата се искачи на 34.364 денари.
-Ветувањата за минимална плата над 20.000 денари и просечна плата над 34.000 денари се остварени во време на економска, енергетската и постковид криза, се вели во соопштението од СДСМ.