• Latest
Одеса, Украина, 27-28 март 2026

Се засилува рускиот терор: погодено породилиште, убиени цивили – Украина се брани

March 28, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Се засилува рускиот терор: погодено породилиште, убиени цивили – Украина се брани

March 28, 2026 14:32
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТОП 5
Одеса, Украина, 27-28 март 2026

Одеса, Украина, 27-28 март 2026

Share on FacebookShare on Twitter

Денеска е 1,494-ти ден од почетокот на целосната тридневна руска инвазија против Украина. Ноќта меѓу 27 и 28 март Русија изврши еден од најмасовните напади со беспилотни летала од почетокот на годината, објави RBC Ukraine. Над 270 дронови беа лансирани кон украинска територија, од кои најголем дел беа пресретнати, но дел од нив предизвикаа смрт, разрушување и страв.

Особено тешко беше погодена Одеса – стратешки град, но и симбол на украинската отпорност. Погодени се станбени згради, инфраструктура и – повторно – здравствени установи, вклучително и едно породилиште.

Иако украинската противвоздушна одбрана пресретна повеќе од 250 дронови, десетици успеаја да погодат повеќе цели, при што пет лица го загубија животот, а најмалку 13 беа ранети, според пишувањето на The Kyiv Independent.

Доказ дека станува збор за систематски терор врз цивилното население доаѓа и од дипломатските извори. Амбасадорката на Украина денеска објави:

„Ноќеска, рф изврши масовен напад врз Одеса. Меѓу целите на руските варвари беше и породилиште. Родилките, вклучително и оние кои се наоѓаа на интензивна нега, како и новороденчињата беа итно префрлени во засолниште. Уништени се повеќекатни станбени згради. Има загинати. #StopRussia“

Ноќеска, рф изврши масовен напад врз Одеса. Меѓу целите на руските варвари беше и породилиште. Родилките, вклучително и оние кои се наоѓаа на интензивна нега, како и новороденчињата беа итно префрлени во засолниште. Уништени се повеќекатни станбени згради. Има загинати#StopRussia pic.twitter.com/eh3m3pA0dZ

— Larysa Dir (@dir_larysa) March 28, 2026

Овој опис не е реторика. Тој е конзистентен со реалноста и државната стратегија на Кремљ за напади врз цивилите и цивилната и здравствената инфраструктура, која со години се документира.

Евиденто е дека рускиот агресор започна со пролетната офанзива. Паралелно со тоа, руската пропаганда работи на нормализација на војната и истиснување на Украина од меѓународната јавност и од политичките агенди на Западот, преку нормализација на војната.

Русија не се обидува да победи брзо. Таа се обидува да победи долгорочно. Интензитетот на нападите – со стотици, па дури и илјада дронови во кратки временски периоди – покажува дека Москва се потпира на квантитет, притисок и психолошко истоштување, анализира The Washington Post.

Целите на рускиот агресор се јасни – да се уништи енергетската и урбаната инфраструктура, да се деморализира населението и да се принуди Украина на отстапки.

Истовремено, рускиот окупатор продолжува со силен притисок во окупираните територии – не само воен, туку и економски и административен. Тие даваат сѐ од себе да го претворат своето воено присуство од „привремена окупација“ во трајна промена на геополитичката реалност.

Одеса, Украина, 27-28 март 2026

Украина, пак, продолжува да се брани и да ги адаптира своите тактики на воената реалност на теренот. Високата стапка на пресретнување на дронови покажува дека системите за противвоздушна одбрана и електронско војување функционираат сè поефикасно. Но тоа не е доволно.

Големиот успех на украинската одбрана против теророт од воздух, го позиционира Кијив како глобален актер во безбедноста, особено во областа на противдронска одбрана, со нови партнерства надвор од традиционалниот западен круг. AP News денеска објави дека претседателот Володимир Зеленски е во посета на арапските држави да ја понуди помошта на неговата земја во одбранбените системи на државите од Блискиот Исток против заканата од дронови што доаѓа од Иран.

Ова е важна промена. Украина повеќе не е само примател на помош – туку и извозник на знаење и безбедносни капацитети.

Важно е да се разбере дека, како и во изминатите години, така и сега – најслабата алка не е на боиштето. Таа е во политиката.

Во западниот блок се појавуваат пукнатини – од различни приоритети до отворени несогласувања за стратегијата кон Русија. Во исто време, вниманието делумно се пренасочува кон други кризи, особено Блискиот Исток. Тоа создава опасен вакуум што рускиот агресор го толкува како сигнал да продолжи уште посилно со своите напади.

Џ. Дерала

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ