ВЕСТ НА ДЕНОТ: Алијанса за Албанците и Алтернатива: Не преговараме за учество во Влада
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска на прес-конференција соопшти дека нивни претставници немале ниту една официјална средба и ниту друга средба на тема за учество во новата влада и дека нема да да преговараат додека ДУИ не го исцрпи правото да биде дел од идната влада односно да стане опозиција. За нив ДУИ е легален, но нелегитимен победник на изборите кај партиите на Албанците.
„Иако ние сме легитимни победници на изборите на 15 јули во албанскиот политички камп, ние нема да влеземе во преговори, се додека ДУИ не го исполни предизборното ветување за премиер да биде Насер Зибери. Дури, како што кажавме, ако во Собранието доајде предлог Насер Зибери да биде премиер, ние со нашите 12 пратеници ќе гласаме за него. Но, ако ДУИ не успее да го реализира ова ветување, за што има легалитет, таа партија нема право да биде дел од идната влада и нејзиното место е во опозиција“, истакна на прес-конференцијата Скендер Зеид Реџепи, генерален секретар на Алтернатива.
ЦИВИЛНИ ВЕСТИ
ЦИВИЛ организира серија панел дискусии и други онлајн настани со заеднички наслов „Национализам“ во вторник и среда, 18-19 август 2020, со почеток во 10 часот, кој ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на организацијата. Настаните се дел од најновата акција на ЦИВИЛ „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики“.
Програмата започнува со едночасовна панел дискусија со универзитетските професорки Мирјана Најчевска и Виолета Петровска Бешка.
Со почеток во 11:30 започнува панел дискусијата со Петрит Сарачини (ЦИВИЛ) и Филип Стојановски (Фондација Метаморфозис).
Активистите Јане Ѓорѓиоски и Ариан Мехмети ќе разговараат на темата во терминот од 13 до 14 часот, додека Џабир Дерала ќе одржи јавна презентација во 14:30 часот. Во 15:30 часот на програмата е Џевдет Хајредини, експерт за финансии и колумнист.
Повикот на ЦИВИЛ до своите членови, поддржувачи, соработници и сите заинтересирани граѓанки и граѓани да учествуваат во новата акција: Граѓански форум за учество во креирање на владините политики допре до голем број граѓанки и граѓани, активисти и поддржувачи на организацијата. На нашите електронски адреси веќе пристигнаа голем број пораки со артикулирани барања до идната влада, коишто веќе се објавуваат на медиумската платформа на ЦИВИЛ.
Граѓанката Деспина Влаќеска ги постави своите барања за идната влада преку следниот допис:
После долг период на сивилото што демнеше над општествените процеси во нашата држава, нема област за која не може да се развијат идеи за коренити реформи преку кои треба и мора да се лечи болното ткиво на општеството. Идната Влада на Република Северна Македонија ќе биде поставена пред предизвикот за целосно расчистување со криминалот, воспоставување правна и економски подобра држава како главна цел при остварување на поглавјата поставени од ЕУ, меѓу кои и целта за реформи во администрацијата.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Сите надлежни институции да вложат максимални напори за обесштетување на депонентите, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска која го информираше за затворањето на „Еуростандард банка“ АД. Гувернерката го информираше Пендаровски и за активностите кои координирано и интензивно се преземаат за обесштетувањето на депонентите да почне во законските рокови, но и порано од тоа.
Талат Џафери за Тв21, на прашањето кога ќе има продолжение на Конститутивната седница одговори „Врз основа на моите надлежности, кога ќе одлучам тогаш ќе ја свикам. Јас засега немам никакви планови“.
Во пресрет на денешните протести против поскапувањето на струјата во Тетово, Скопје, Гостивар, Дебар, Кичево и Струга со почеток во 18 часот, а во Куманово во 14 часот, вчеравечер беа опожарени два автомобили на ЕВН.
ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии го објави документот со наслов “Мапирање на институциите од обласитите на правдата, слободата и безбедноста“, кој претставува водич низ комплексната институционална структура важна за областите како контролата на границата, борбата против организираниот криминал, тероризмот, трговијата со луѓе и другите сериозни облици на криминал.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Национализам во Македонија никогаш не недостасува, за жал, секогаш (ќе) го има во огромни количини. Во изминатите години национализмот јавно се манифестираше и многу лесно се препознаваше. Денес, времињата и методите малку се сменија, (освен неколку изолирани случаи кои сè уште јавно пропагираат национализам), сега национализмот убаво и смислено се пакува и им се (про)дава на граѓаните“, пишува Дехран Муратов во колумната „Школски спакуван национализам“.
Жарко Настоски во колумната „Партиските есапи и цехот во крчмата „Млакедонија“ пишува: „Да не ѝ беа старите пријателки Амнерика и Авлеманија, најмоќните и највлијателни угостителки, да ѝ помогнат со нешто за јадење, помош со поправка на малиот нужник во одајчето, или да ѝ го наполнат резервоарот на старото бело „Југо“, којзнае како Млакедонија ќе преживееше. „Југото“ ѝ е од времето кога беше горда членка на Управниот одбор на Здружените Југословенски Угостители. „Убави времиња, кога се знаеше редот“, често знае да каже.
Д. Муратов