За ВМРО ДПМНЕ нивните работи ги оставаме на нив, тоа што им се случува и начинот како ги менаџираат различните мислења мене не ми изненадува. ВМРО – ДПМНЕ не можеше да биде демократска партија на власт, a очигледно тоа не може да го направи ни во опозиција, кога ќе видиме какви кандидати денес предлагаат.
Еве, ние почитуваме правила, почитуваме кога законот вели дека претседател на ДИК се избира (од опозицијата). Гласавме. Јас претпоставувам дека на многу од пратениците им се враќаше раката назад и ги разбирам.
Тоа е човекот кој апсолутно не ја заслужува нивната доверба.
Ама ние мора да дадеме, да покажаме дека сме различни од нив и дека го почитуваме законот, она што е договорено и ставено во закон. ВМРО-ДПМНЕ и на тој тест покажа дека ништо не се сменило.
Исто е, да се пресели Груевски во зградата и да е скриен во една канцеларија, истите потези ќе ги влече како Мицкоски – изјави Радмила Шекеринска во интервју за ТВ 21, на 14 јануари.