• Latest

Шекеринска: Со одлуката во Собранието, Македонија извлечена од ризиците за изолација

October 21, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шекеринска: Со одлуката во Собранието, Македонија извлечена од ризиците за изолација

October 21, 2018 13:54
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Секој пратеник кој верува и знае дека Македонија треба да стане дел од западниот свет, треба да ги поддржи уставните измени во следните фази. Затоа ние ќе продолжиме да повикуваме и да спровдуваме политика на обединување на сите позитивни и прогресивни сили во државата. Да ги оставиме настрана поделбите  во интерес на иднината на земјата, рече денеска на прес-конференција вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, која лично и во име на Владата го честиташе и поздрави гласањето да се пристапи кон измени на Уставот. Рече дека тоа е голем исчекор на Собранието на Република Македонија, со кое ги отворило вратите за европска и евроатлнатска иднина на државата.

-Честитам за заедничкиот напредок што во петокот го постигнаа 80 пратеници – и од власта, и од опозицијата, со една единствена цел – да се потврди евроатлантската ориентација на Република Македонија. Пратениците коишто беа и се поддржани од сите демократски сили во нашата земја, презедоа одговорност, ја искористија историската шанса и испишаа нова страница во историјата на Македонија, со која таа, најпосле, се извлекува од калта на минатото и од ризиците на изолација и отстуство од напредок, рече Шекеринска.

Историскиот глас на пратениците, рече таа, во исто време беше глас против изолација, но и против несигурност и против сиромаштија. Глас против нови политички кризи.

-Тој глас повторно ги сврте очите на светот кон Република Македонија,  кој ја поздравува покажаната државничка одговорност на пратениците. За поздравување се токму таа одговорност, да се има сила сите работи да се стават настрана, а во центарот на одлуките да се стави иднината на Македонија. Овој историски момент повикува на обединување на сите прогресивни сили во Македонија, тоа ни е потебно како никогаш досега. Верувам дека сега е возможна дури и поголема поддршка во Собранието за спроведување на Договорот од Преспа. Секој пратеник кој верува и знае дека Македонија треба да стане дел од западниот свет, треба да ги поддржи уставните измени во следните фази. Затоа ние ќе продолжиме да повикуваме и да спровдуваме политика на обединување на сите позитивни и прогресивни сили во државата, рече Шекеринска, која одговарајќи на новинарски прашања рече дека и амнадманите нема да ги пишуваат зад затворени врати, туку во соработка со Собранието.

На огромно мнозинство граѓани, рече таа, Македонија денес е уште повеќе подготвена за нејзината просперитетна еврпска иднина за која, рече, сите сонувавме и се боревме во овие 27 години.

-Македонија покажа дека е подготвена да стане членка на НАТО и дека е подготвена да ги почне преговорите со Европската Унија.Одлуката на двотретинското парламентарно нозинство значи влез на Макдонија во безбдносниот штит на најмоќниот воено-политички сојуз во светот. Со оваа одлука, Македонија станува и фактор на стабилност во регионот. Потврдуваме со оваа одлука дека сигурноста на нашите граѓани е гарантирана, а државните граници се заштитени, и тоа засекогаш, истакна заменик-претседателката на Владата, нагласувајќи дека отворените врати на НАТО и на ЕУ ќе донесат и странски инвестиции и ќе ги охрабрат домашните, од што ќе бидат отворени нови работни места. (МИА)

Tags: Влада на Република МакедонијаЕУНАТОодлукаРадмила ШекеринскаСобрание на Република Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ