• Latest
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го отвори Првиот собир на Коалицијата за враќање на украинските деца (фото: ЦИВИЛ)

Широка меѓународна коалиција на држави во акција за враќање на украинските деца депортирани од рускиот агресор: Инаугуративна средба во Кијив

December 10, 2023
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Широка меѓународна коалиција на држави во акција за враќање на украинските деца депортирани од рускиот агресор: Инаугуративна средба во Кијив

За овој меѓународен настан, како и за воздушните напади, меѓу првите во светот, ексклузивно пишуваше ЦИВИЛ МЕДИА.

December 10, 2023 19:00
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го отвори Првиот собир на Коалицијата за враќање на украинските деца (фото: ЦИВИЛ)

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го отвори Првиот собир на Коалицијата за враќање на украинските деца (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Светските лидери бараат правда за киднапираните украински деца. Првата средба на Меѓународната коалиција на земји за враќање на украинските деца се одржа на 8 декември во Кијив. Средбата се одржа на локација што не беше јавно објавена, под засилени мерки на безбедност, особено затоа што веќе втор ден трае воздушната тревога во главниот град на Украина, поради ракетните напади од рускиот агресор. За овој меѓународен настан, како и за воздушните напади, меѓу првите во светот, ексклузивно пишуваше ЦИВИЛ МЕДИА.

Инаугуративниот собир на Коалицијата го отвори претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Присилната депортација е едно од најциничните злосторства во оваа војна. Децата не се само ‘одземени’ од окупираните територии на Украина. Русија намерно се обидува да ја прекине секоја врска што децата ја имаат со Украина, со нивните роднини и нивните најблиски. Обидете се да го вратите контактот со нивните семејства“, порача украинскиот претседател.

На #BringKidsBackUA присуствуваа претставнички и претставници на 72 држави и меѓународни организации. Тие ја покажаа силната решеност на меѓународната заедница за преземање итни и решителни чекори за враќање на украинските деца кои рускиот агресор насилно ги депортира, раселува, киднапира и русифицира уште од 2014 година, а особено интензивно по почетокот на целосната инвазија во 2022 година.

Претставници од Северна Македонија на овој важен меѓународен настан беа заменик правобранителот Јован Андоновски и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Тие одржаа голем број билатерални средби со дипломати, високи државни функционери и меѓународни организации од повеќе земји на Европа и светот.

„Исклучително е важно да се работи заедно на развојот на механизмите на меѓународното право кои ќе овозможат враќање на децата. Ова прашање е итно. Оваа работа мора брзо да се заврши, бидејќи децата растат, а Русите ќе продолжат да ги прават овие злосторства“, изјави Андриј Јермак, шеф на кабинетот на претседателот Зеленски.

Конкретно, солидарност и поддршка за Украина во враќањето на депортираните и киднапираните деца изразија претседателот на Португалија Марсело Ребело де Соуса, претседателот на Литванија Гитанас Наузеда, претседателката на Словачка Зузана Чапутова, премиерот на Ирска Лео Варадкар и Министерката за надворешни работи на Канада Мелани Џоли, како и многу други лидери на држави и организации.

Создавањето на Меѓународната коалиција на земји за враќање на украинските деца беше иницирано за време на состанокот на советниците за национална безбедност и надворешна политика во Малта за спроведување на Формулата за мир на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Целта на првиот состанок на Коалицијата на 8 декември во Кијив е да се утврдат практичните чекори на земјите-членки за поддршка на Украина во нејзината мисија да ги врати депортираните и насилно раселените деца дома. Исто така, собирот има цел да ги ангажира земјите од Коалицијата во спроведувањето на конкретни проекти и обврски за да се обезбеди репатријација, рехабилитација и интеграција на засегнатите деца.

На средбата, Коалицијата ја презентираше Декларацијата за враќање на нелегално депортираните и насилно раселените украински деца во Украина, која е отворена за пристапување на други држави и меѓународни организации.

Според документот, потписниците се согласуваат да ги вложат сите можни напори за репатријација на децата кои беа незаконски депортирани од Руската Федерација. Декларацијата, исто така, се обврзува да го поддржи процесот на повторно обединување на овие деца со нивните семејства и нивно сместување во семејни средини. Понатаму, Декларацијата вклучува одредби за обезбедување на сета неопходна хуманитарна, медицинска и психолошка помош на децата и нивните семејства кои претрпеле илегална депортација.

Дополнително, Декларацијата ја истакнува поддршката за меѓународните напори да се повикаат на одговорност одговорните за организирање на нелегалната депортација и раселување на украинските деца.

Деск на ЦИВИЛ МЕДИА

Зеленски од Состанокот на коалицијата: Нашите деца се насилно посвоени и се задојуваат со омраза кон Украина

Андриј Јермак: Русија ги брише сите спомени за Украина кај депортираните деца, затоа треба што поскоро да се вратат во татковината

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ