• Latest

Шкријељ до „шокираните“ доктори: Ете дошокирајте се после цела деценија

September 14, 2023

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ

Шкријељ до „шокираните“ доктори: Ете дошокирајте се после цела деценија

Еден од „шокираните“ е и Докторот Митов кој беше советник за здравство во владата на Никола Груевски и за време на владеењето на  ВМРО-ДПМНЕ беше на чело на Комитетот за безбедно мајчинство и за целиот период на неговото раководење Комитетот не одржа ниту еден состанок

September 14, 2023 15:03
in МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод манипулативните објави во одредени медиуми за „контроверзна“ содржина во прирачникот за образование за животни вештини за средно образование, со објава на Фејсбук се огласи пратеничката Санела Шкријељ.

 За шокираните доктори од прирачник за образование за животни вештини и тие што го пренесуваат, еве да се дошокирате: Прирачникот за 7мо до 9то одд кој укажува како да се учат децата за различни сексуални ориентации е издаден во 2009 година. Слично и со тој што го споделувате сега. Бидејќи спомнувате партии, влади, ете дошокирајте се после цела деценија. – напиша Шкријељ на Фејсбук.

Еден од „шокираните“ е и Докторот Митов, кој  денеска на својот Фејсбук профил, покрај објавата на „контроверзната“ содржина  на прирачникот, упати прашање адресирано до министерот Шаќири, дали е во ред ова според него и ова ли се вредностите на ДУИ? , а како што напиша: „за СДСМ не ни прашувам“, иако прирачникот, како што објави Шкријељ, е издаден во 2009 година, кога на власт беше ВМРО ДПМНЕ.

Доктор Митов беше советник за здравство во владата на Никола Груевски и за време на владеењето на  ВМРО-ДПМНЕ беше на чело на Комитетот за безбедно мајчинство и за целиот период на неговото раководење Комитетот не одржа ниту еден состанок, ниту, пак, придонесе нешто за намалување на смртноста на бебињата.

Од Бирото за образование тврдат дека се работи за прирачник за наставници, како дел од наставата програма која не е задолжителна и дека истиот бил изработен пред една деценија и е одобрен од Бирото за образование и развој во 2011 година. Оттаму апелираат до граѓаните и родителите да ги земат со голема доза на претпазливост и да ги проверуваат сите информации што се споделуваат во врска со образованието на младите.

Драган Мишев

 

 

 

Tags: дезинформацииДоктор Митовобразованиеприрачникот за образование за животни вештинипропагандаСанела Шкријељсоцијални мрежи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ