• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Шпекулациите за контроверзната смрт на Пригожин како сценарио за второкласен трилер

August 24, 2023
Фото: ДИК

ДИК, ДКСК и ДЗР потпишаа Меморандум за соработка за Локалните избори

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на
euronews

Макрон ќе понуди „научни докази“ пред американскиот суд за да докаже дека неговата сопруга, Брижит е жена

September 18, 2025
industrial-cooling-towers-energy-facility
Source> Freepik

Србија преговара со Русија за изградба на нуклеарна централа

September 18, 2025
Man installing alternative energy photovoltaic solar panels on roof

Македонија првпат добива Методологија за енергетска сиромаштија

September 18, 2025
Фото: ЦУК

Вкупно 25 пожари на отворен простор од кои активни се три пожари, а два под контрола во изминатото деноноќие

September 18, 2025
претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, на прес-конференција во Белата куќа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Федералните резерви ги намалуваат каматните стапки, предупредуваат за застојот на пазарот на трудот во САД

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на
24 Канал

Дмитриј Козак, соработник на Путин кој се спротивставува на војната во Украина, поднесе оставка од функцијата во Кремљ

September 18, 2025
Обожавателите пред студиото на Џими Кимел протестираат против прекинувањето на емисијата. Фото: Скриншот од видео на ВВС

ABC ја повлече емисијата на Џими Кимел „на неодредено време“ по заканата од администрацијата на Трамп

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израелските тенкови навлегуваат во една од најгусто населените станбени области во Газа

September 18, 2025
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Шпекулациите за контроверзната смрт на Пригожин како сценарио за второкласен трилер

August 24, 2023 15:08
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Ако последното поглавје на Евгениј Пригожин навистина е напишано, тој живееше како што навидум умре: насилно, бурно и во центарот на интригите.

Фактите сè уште не се сосема јасни. Во средата попладне, деловен авион Embraer Legacy, регистриран кај шефот на Вагнер, „падна“ од небото јужно од селото Куженкинское во руската област Твер. Сите 10 патници во авионот беа прогласени за загинати.

Руската државна агенција за воздухопловство соопшти дека во авионот бил Пригожин.

Но, не требаше долго за теориите на заговор да почнат да се шират на Интернет, пренесува Си-Ен-Ен. Дали авионот беше соборен? Или, можеби, во него беше поставена бомба? И дали Пригожин навистина е мртов? Рускиот архипропагандист Владимир Соловјов се чини дека толку многу шпекулира, што во изјавата на Телеграм имплицираше дека извештаите за смртта на олигархот се прерани.

Украинците и нивните сојузници, инсинуира Соловјов, „ширеле лажна порака за смртта на Евгениј Пригожин“ врз основа на извештајот од Росија-24, руски државен телевизиски канал.

Сомнежи за „наводното“ загинување на Пригожин се појавија и на социјалните режи. Активистот Игор Сучко објави дека веројатно се изнесени лажни тврдења дека Пригожин од Вагнер ПВК загинал во авионска несреќа во близина на Москва во Твер. Ова смрди на заговорот на Пригожин да исчезне.

1. Манифестот на летот на авионот го наведе Пригожин како патник – ова е „доказ“.
2. Две експлозии се слушнале во воздухот пред падот.

🚨🧵 Likely false claims being made that Prigozhin of Wagner PMC was killed in a plane crash near Moscow in Tver. This stinks of Prigozhin’s own plot to disappear.
1. Plane manifest listed Prigozhin as passenger – this is “evidence.”
2. Two explosions heard in air before crash. pic.twitter.com/5fu1OUxDgE

— Igor Sushko (@igorsushko) August 23, 2023

Соловјов, кој е добро познат по тоа што си игра брзо и лабаво со фактите, брзо ретерираше. Но, околностите на несреќата, како и отворената конфронтација на Пригожин со Кремљ во јуни, изгледаа како да се извлечени од страниците на второкласен трилер.

На крајот на краиштата, во деновите по неуспешниот марш на неговите војници во Москва, руската државна телевизија ја откри наклонетоста на Пригожин за перики, маски и повеќекратни пасоши, сето тоа пронајдено во една од неговите шик резиденции, како за гангстери.

И немаше да биде целосно надвор од карактерот на Пригожин – кој ги водел озлогласените „трол-фарми“ вклучени во мешањето во претседателските избори во 2016 година – да го трола светот со инсценација на неговата смрт. На крајот на краиштата, руските истражувачки медиуми објавија дека шефот на Вагнер, очигледно, вработил најмалку еден двојник.

Се разбира, грозни работи, но можеби не пострашни од изведбите на Пригожин. Ова беше човекот, на крајот на краиштата, кој со пцуење бараше ресурси и муниција за неговите платеници во Украина, со објавување на грозоморни слики од нивните искршени тела. И неговите тиради со вулгарности против највисоките воени претставници на Русија, кои ги обвини дека се „дебели мачки“, ја запечатија неговата репутација како еден вид негативец надвор од централниот кастинг.

Но, ваквите шпекулации ја оставаат настрана главната поента. Пригожин, за сите намери и цели, повеќе не е сила во руската политика. Батја – „татковскиот“ назив што некои негови луѓе го користеа за него – ја напушти зградата.

Кој го има мотивот?

Истражниот комитет, највисокото тело за спроведување на законот во Русија, отвори кривична истрага за несреќата. Истрагата се води по член 263 од Кривичниот законик на Руската Федерација – прекршување на правилата за безбедност на движење и работа на воздушниот транспорт.

Да се води истрагата од Истражниот комитет не е ветувачки развој, барем во однос на транспарентноста во меѓународната авијација. На крајот на краиштата, агенцијата за спроведување на законот беше претходник и центар во напорите да се гонат противниците на рускиот претседател Владимир Путин, вклучително и опозицискиот лидер Алексеј Навални. Да се чека непристрасен извештај од Истражниот комитет е исто како да се очекува водителка на руската државна телевизија да престане да прима насоки од Кремљ.

Франција веќе соопшти дека постојат „разумни сомнежи“ за причината за авионската несреќа, во која наводно загинал лидерот на Вагнер групата, Евгениј Пригожин, според изјавата на официјалниот претставник на француската влада, Оливие Веран, пренесува Гардијан.

Без разлика дали ќе ја дознаеме вистинската причина за несреќата или не, истрагата што сега е во тек упатува на важно прашање: Кој би имал мотив и средства да се ослободи од Пригожин и неговите најблиски послушници?

Лесниот одговор, но во никој случај единствениот, за многу набљудувачи е – Путин.

Несреќата на авионот на Пригожин се случи само околу два месеци откако Пригожин и Вагнер го организираа својот бунт, најголемиот предизвик за владеењето на Путин во повеќе од две децении.

Само неколку дена по бунтот, бесниот Путин јасно стави до знаење дека постапките на Вагнер ги гледа како форма на предавство. Иако не го спомна Пригожин по име, тој ги обвини „организаторите на бунтот“ дека ја предале самата Русија.

Тоа е сериозно тврдење, но во неделите што следеа по бунтот, Вагнеровци не доживеаја брзи репресалии од Кремљ.

На борците на Вагнер им беше дозволено да се преселат во соседна Белорусија, според договорот што наводно го склучил белорускиот претседател Александар Лукашенко. А Пригожин се појави во јавноста и радосно се сликаше со африкански функционери на маргините на самитот Русија-Африка во Санкт Петербург и даваше изјави за државниот удар во Нигер.

Но, Пригожин, и покрај сето негово лудило, можеби се сети дека одмаздата е јадење што најдобро се служи барем млако, без оглед на тоа колку непријатели има.

Путин молчи за падот на авионот поврзан со шефот на Вагнер

Руските официјални лица, вклучително и претседателот Путин, не го коментираа инцидентот во кој Пригожин беше наведен како патник во авионот што се урна, пренесува Њу Јорк Тајмс. Нема потврда дека тој загинал.

Путин, во обраќањето во четвртокот, молчеше за падот на приватниот авион во кој на листата на патници беше вклучен и водачот на платениците, Пригожин.

Еден ден откако авионот се урна на полето меѓу Москва и Санкт Петербург, рускиот лидер и највисоките функционери на Кремљ не ја спомнаа судбината на Пригожин, основачот на приватната воена група Вагнер, кој во јуни предизвика еден од најдраматичните предизвици за владеењето на Путин во последните децении.

„Смутное время“ (Време на неволји)

Ако – и ова е сè уште големо ако – руската држава има врска со падот на авионот на Пригожин, тоа може да го зголеми чувството дека Русија влегува во Смутное время (Време на неволји), како што некои коментатори мрачно сугерираа за време на Вагнеровиот бунт. Во Русија, оваа фраза се однесува на период на беззаконие и насилна криза за наследување на почетокот на XVII век.

Во најмала рака, несреќата ги буди непријатните сеќавања од анархичните 1990-ти, кога Русите страдаа од неуспешната и насилна транзиција кон пазарна економија, а политичките убиства беа рутински.

За време на Путин, одбраната стана еден вид морбидна шега за тенденцијата на противниците на режимот да паѓаат од прозорците. Дали ова може да биде одбрана со други средства?

Мистериозните авионски несреќи, исто така, беа пример во некои случаи од висок профил во руската политика.

Рускиот истражувачки новинар Артем Боровиќ загина во 2000 година набргу откако неговиот авион за Кијив се урна по полетувањето од аеродромот Шереметјево во Москва. А генералот Александар Лебед – некогашен претседателски кандидат и регионален гувернер – загина во 2002 година во хеликоптерска несреќа, отстранувајќи го истакнатиот политички кандидат од пејзажот.

Значи, прашањето за cui bono – кој ќе има корист од смртта на шефот на Вагнер – најверојатно ќе биде во умот на политичките набљудувачи во наредниот период.

Идентификувани загинатите во несреќата, меѓу нив наводно е и Пригожин

Како што дознава ABC News, телата на загинатите во авионската несреќа кај Куженкино, Русија, меѓу кои е наводно и телото на Евгениј Пригожин, како и на командантот на ПМЦ „Вагнер“, Дмитриј Уткин, се префрлени во Регионалното биро за судски медицински преглед во Твер,

Меѓу 10-те загинати има тројца членови на екипажот и седум патници. Седумте патници се идентификувани како Сергеј Пропустин, Евгениј Макаријан, Александар Тотмин, Валериј Чекалов, Дмитриј Уткин, Николај Матусеев и Пригожин. Екипажот беше идентификуван како – командир Алексеј Левшин, копилотот Рустам Каримов и стјуардесата Кристина Распопова.

Во меѓувреме, во Санкт Петербург — родниот град на Пригожин — десетици луѓе пристигнуваат да запалат свеќи и да положат цвеќе на тазе поставениот споменик.

Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: авионска несреќаВагнерВладимир ПутинЕвгениј Пригожин
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    241 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    196 shares
    Share 78 Tweet 49
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ