• Latest

Што може Македонија да научи од апсењето на мафијашот од Италија: „Исушете им ја водата во која пливаат!“

January 20, 2023

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Што може Македонија да научи од апсењето на мафијашот од Италија: „Исушете им ја водата во која пливаат!“

January 20, 2023 14:38
in ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

СОЊА КРАМАРСКА

Немаше медиум во светот кој не објави, на ударно место, дека е уапсен италијанскиот мафиозо Матео Месина Денаро. Веселите, стари, добри Италијани побрзаа да дадат поддршка на социјалните мрежи за апсењето на деценијата. И ним им е преку глава од мафијашите кои го собираат кајмакот.

Мафијашите во Италија, како и нашите собирачи на кајмакот, изгледаат како и секој друг човек. Си водат бизниси, си тераат приватни шеми. Тие не се некои мрачни типови пред кои се поклонува целото маало, туку во јавноста се мили, облечени по последна мода, слаткоречиви, и по правило опкружени со многу жени. Таков е и „јунакот“ од приказната која го обиколи светот. Матео Месина Денаро. Газда на синџир супермаркети во Сицилија. Колкумина се запрашавте дали можеби при вашата туристичка посета на егзотичниот италијански остров сте пазареле токму од неговиот дуќан? И сте оставиле некое евро во неговата мафијашка империја? Матео имал и вонбрачно дете, но и девојка со која, ни помалку ни повеќе, под друго име, си поминал и одмор во Грција. Имал и прекрасни маслинови градини на сончевиот остров, наречени „рајски градини“. Па можеби и маслинов зејтин од италијанско производство од неговите маслинки се нашол некогаш во нашите кујни.

Како што му доликува на мафијаш, тој си имал и свој банкар, односно перач на пари. Е тука настапува италијанската држава, колку и да ја бие глас дека е интегрирана со мафијата. На банкарот, перач на пари на Денаро, со време му бил запленет сиот имот. Не само на банкарот, туку и на сестрата на мафијашот, зетот и други ситни и покрупни риби за кои италијанските органи сметале дека му даваат воздух на Денаро за спокојно да му цвета бизнисот. „Сакаме да му ја исушиме водата во која плива“, рекол претставник на истражните органи кои 30 години се мачеа да го донесат овој современ водач на Коза Ностра на обвинителна клупа.

Еве ја и првата разлика во тоа како се справува Италија со мафијата, а како овде бегаат пред законот многу истакнати имиња кои, иако не се убијци како Денаро, заслужуваат, поради грабежот што ни го прават, да се најдат зад решетки. Тука е само таргет директниот извршител на делата, додека неговите помагачи и логистичари а тоа се најчесто блиски пријатели и сопружници, остануваат недопрени. Не се занимаваме со најблиското опкружување на престапникот, туку само со него, забележа деновиве и еден наш домашен адвокат. Не му го земаме навреме имотот од украдените пари, му даваме време да си го заштити. Така, на Македонија ѝ се лизнаа 17 милиони евра од „Трансмет“, и уште многу други, за кои не знаеме. Мијалков и Камчев, се спогодија со обвинителството, дадоа пари, но несразмерно помалку од штетата што ја предизвикаа и за финансиите и за угледот на државата. Во крајна линија и за угледот на правната држава, која на сите ни е важна.

Околу логистиката, пак, како е можно, луѓе, да побегне Груевски, а неговата сопруга да нема поим или да се прави дека нема поим? Како е можно, дома кај Мијалков да течат пари како река, а неговата сопруга да не се запраша од каде се тие пари, кога човекот по цел ден работел работа како државен службеник?

Значи, за разлика од акцијата што е преземана со години наназад против помагачите на Денаро, нашите крупни риби во нелегалниот бизнис удобно си пливаат, бидејќи нема кој да им ја исуши водата. Овде, не само што не им ја сушиме водата на нашите ајкули и сомови, туку и редовно ја прочистуваме, ја шприцаме со кислород за да може слободно да мавтаат со перките додека се измолкнуваат од рацете на правдата.


Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: novatv.mk
Tags: ГруевскиКамчевМатео Месина ДенаромафијаМијалков
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ