• Latest
Каја Шукова, (фото: Александар Ризински/ЦИВИЛ)

Шукова: ЕУ скринингот ќе ги покаже недостатоците, но потребен е заеднички напор во нивно надминување и за заштита на животната средина

March 24, 2023
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Шукова: ЕУ скринингот ќе ги покаже недостатоците, но потребен е заеднички напор во нивно надминување и за заштита на животната средина

March 24, 2023 15:00
in ЗЕЛЕНИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Каја Шукова, (фото: Александар Ризински/ЦИВИЛ)

Каја Шукова, (фото: Александар Ризински/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Цирклуарната економија, како модел е насочена кон обнова на екосистемите, но и воведување на иновации и менување на навиките на општеството, со цел се она што како краен резултат доаѓа во форма на отпад, да се рециклира и реупотреби.

На оваа тема, за разбирањето, предизвиците и последиците доколку не се ивестира во цирклуларната економија, зборувавме со Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање.

Со министерката разговаравме и за ЕУ регулативите и очекувањата од објаснувачкиот и билатералниот скрининг во јули.

ГринЦИВИЛ: Колку разбирање има за циркуларната економија во нашата земја?

Шукова: Мислам дека ќе треба да вложиме дополнителни напори за да им објасниме на граѓаните што значи циркуларна економија, но не само нив, пред сѐ и бизнис заедницата. Кога зборуваме за циркуларна економија, зборуваме за економија што ќе работи во хармонија со природата. Сѐ што би правеле треба да биде долгорочно како би ја заштитиле природата.

Институционално преку законите што ги носиме ја поставивме циркуларната економија во законската рамка. Сега тоа треба да се спроведува. Донесен е сет од 6 закони, од кои и закон за управување со отпад, усогласен со последните директиви на ЕУ. Сите овие закони го опфаќаат механизмот за циркуларна економија.

ГринЦИВИЛ: Кои се предизвиците, законите ги имаме, но не ги имплементираме, можно ли е на среднорочен план да имаме видливи резултати?

Шукова: Имајќи предвид дека првиот Закон за управување со отпад е донесен уште во 2004 година, кој начелно даваше некакви основи, во тоа време не конкретно за циркуларна економија, меѓутоа барем за намалување на количините за отпад, првично со примарната селекција на отпад на ниво на општините. Процесот, очигледно, споро се одвива. Она што сега почнавме малку поинаку да размислуваме, во последните години, мислам дека сме во добар правец, е дека почнавме да го гледаме како еден процес. Управувањето на отпадот, вклучително и циркуларната економија како еден сегмент, треба да го гледаме како еден процес и сите активности треба да ги спроведуваме паралелно. Во два региона воспоставуваме систем за управување со отпад. Паралелно со овој процес ќе започнеме уште еден, обезбедивме заем од Европска банка за обнова и развој за да работиме уште во пет региона. Ќе остане уште скопскиот регион, кој е малку поголем и посериозен.

Паралелно ќе работиме да ја информираме бизнис заедницата и сите партнери кои ги имаме во имплементацијата на овие 6 закони и секако информирање на јавноста. Една од активностите во овој процес е и нова кампања што ќе ја спроведува министерството во делот на управување со отпад. Сите средства што ги собравме од надоместокот за пластични кеси  сега го враќаме назад. Дел го враќаме спрема општините,  ќе им набавиме контејнери за пред селекција, дел да ја информираме јавноста како да биде вклучена во процесот, вклучително и процесот на циркуларна економија.

ГринЦИВИЛ: Како стоиме со ЕУ регулативите во оваа област, како дел од реформите потребни за членство во Унијата, каква е нивната оценка, во контекст на скринингот?

 Шукова: Трансферирањето на европското законодавство во македонското, како процес, се одвива добро. Проблемот е секогаш имплементацијата. Не само со Северна Македонија, тоа се случуваше и со многу земји кои пристапуваа, а денеска се дел од ЕУ.  Најскапо законодавство, имплементацијата чини многу пари. Померувања во одредени области има во последните години, особено во делот на изградба на системи за третирање на отпадни води. Ги користиме претпристапните средства на ЕУ. Работиме доста и во делот на природа, прогласивме доста заштитени подрачја, работиме на прогласување на нови. Во делот на отпад одиме на воспоставување барем на основната инфраструктура и паралелно да ги запознаеме граѓаните дека секој има одговорност ако сакаме да имаме чиста држава

Во однос на скринингот, билатералниот скрининг ќе биде во јули оваа година.

ГринЦИВИЛ: Кои се вашите очекувања од скринингот?

Шукова: Моите очекувања се да видиме кои се недостатоците. Да видиме каде ќе треба малку повеќе внимание да обрнеме и каде да ги вклучиме партнерите. Во моето долгогодишно работење во Министерството, велам дека без партнерите не можеме да правиме ништо. Затоа од кога ја презедов министерската функција постојано велам дека активно мора да ги вклучиме сите наши партнери. Министерството не може само да ја заврши целата работа. Има надлежности што се во рамки на министерството, има надлежности на локално ниво. Имаат обврски бизнис заедницата и граѓанскиот сектор и секој граѓанин поединечно. Ако сите заедно го сработиме својот дел, мислам дека ќе имаме напредок.

Недостатоците ги знаеме, но ајде да направиме заеднички напор, иако ќе ни треба долго време.

Ако велиме дека животната средина се решава за еден ден, месец, година, тоа не е вистина. Но, заедно можеме да го убрзаме тој процес и еден дел од тоа да решиме, ако сакаме да станеме дел од ЕУ.

Биљана Јордановска/ГринЦИВИЛ

камера: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети


Шукова: Прилеп е позитивен пример за селекција на отпад во секое домаќинство, за потребите на општините за селекција на отпадот ќе обезбедиме 7.000 контејнери

Tags: ЕУ скринингживотна срединаКаја Шуковациркуларна економија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ