• Latest
Shutterstock

Симсон: ЕУ го префрла фокусот од енергертската криза на транзицијата кон чиста енергија

July 13, 2023

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕН ЦИВИЛ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Симсон: ЕУ го префрла фокусот од енергертската криза на транзицијата кон чиста енергија

July 13, 2023 11:54
in ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ
Shutterstock

Shutterstock

Share on FacebookShare on Twitter

Лани во јули разговаравме за тоа како да ја намалиме потрошувачката на гас во Европа за 15 проценти за да избегнеме драматична криза, а денес, една година подоцна, дискутираме за иднината на нашиот енергетски систем, изјави еврокомесарката за енергија Кадри Симсон, по завршувањето на неформалниот состанок на министрите на членките на ЕУ задоолжени за енергија и за животна средина.

Европа го префрла фокусот од одговорот на кризата кон својата агенда за нето нула емисии (на штетни гасови). Оваа промена на фокусот сама по себе е одлична вест, додаде Симсон.

Таа нагласи дека на состанокот, што претходните два дена се одржа во шпанскиот град Ваљадолид, станало збор за зајакнување на внатрешен енергетски пазар на ЕУ, преку поголема флексибилност и спроведување на транзицијата кон чиста енергија, со оставрување на целта уделот на обновливите извори на енергија да достигне ниво од 69 проценти до 2030 година и до 80 отсто до 2050 година.

Лани имавме рекордно зголемување на капацитетите на обновлива енергија, а очекуваме нивно дополнително зголемување оваа година. Емисиите на јаглерод минатата година беа намалени за 2,5 проценти, истакна еврокмесарката.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, Симсон додаде дека спроведувањето на зелената транзиција останува приоритет на Европската комисија, но притоа мора да се води сметка и за обезбедување на конкурентноста на компаниите од ЕУ.

– Другата страна на енергетската транзиција е прашањето од каде ќе доаѓаат потребните суровини и каде ќе се произведуваат чистите технологии. Постои загриженост за иднината на европската индустрија за чиста технологија, во контекст на глобалната трка за привлекување инвестиции и даночни олеснувања. Комисијата ги става овие прашања како приоритет на нашата стратегија за да се овозможи конкурентност и зелена транзиција, рече Симсон.

За таа цел, како што нагласи, Европската комисија пред две недели предложи Платформата за стратешка технологија за Европа, која има за цел да помогне за привлекување до 160 милијарди евра инвестиции во критичните технологии и да се овозможи раст и развој на компаниите на тлото на Европа.

– Разговаравме за важноста од унапредување на овие политики и за бариерите што се уште треба да ги надминеме. Имаме согласност околу потребата Европа да одговори на предизвикот и да направи повеќе за да ја зајакне својата конкурентност во секторот на чиста технологија, рече Симсон, додавајќи дека при тоа мора да се води сметка и да не се западне во протекционизам.

На состанокот сранало збор и за Конференцијата на ОН за климатски промени, што треба да се одржи во Дубаи од 30 ноември до 12 декември оваа година, при што е оценето дека тој собир еден од последните можности за преземање решителна и колективна акција за ублажување на последиците од климатските промени.

– Од таа перспектива, предложив ЕУ да ги поддржи глобалните цели за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Она што го предлагаме е доброволно и необврзувачко ветување за тројно зголемување на глобалната стапка на користење на обновливи извори на енергија до 2030 година, како и удвојување на глобалната стапка за подобрувања на енергетската ефикасност во текот на оваа деценија во споредба со претходната, рече Симсон.

Таа додаде дека овие глобални цели се целосно во согласност со заложбите на ЕУ за декарбонизација на енергетскиот сектор до 2030 година.

– Сакаме глобалните цели да создадат нов моментум и да го охрабрат светот да одговари со исто ниво на амбици, какви што покажаа ЕУ и нашите земји членки, додаде Симсон.

Tags: енергијаЕУСимсон
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ