• Latest

Сирија го доведе светот на раб од нова војна

April 12, 2018
Креирано со помош на ВИ

Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

April 14, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

April 14, 2026

Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

April 14, 2026
Петер Маѓар (ФБ)

Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

April 13, 2026
Џелал Хоџиќ

Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

April 13, 2026
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

April 13, 2026
Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

„Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

April 13, 2026

Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

April 12, 2026

Орбан падна. Кој е следен?

April 12, 2026

(ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

April 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

    🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

    95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

    Први резултати од пребројувањето во Унгарија: ТИСА води, но трката останува неизвесна

    Рекордна излезност и поделени прогнози – неизвесна трка во Унгарија

    Затворени гласачките места во Унгарија: Почнува пребројувањето во неизвесна и историска изборна трка

    Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

    Фото; Скриншот од АП видео

    Политика, бизнис и ПР: Што стои зад посетата на Трамп Помладиот во Бања Лука

    Џелал Хоџиќ

    Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    Ромите не се проблем – проблем е системот што дискриминира

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Крајот на „среќната глобализација“

    Кога никој не е виновен: Распрсната одговорност и ризиците во екосистемот на вештачката интелигенција

    Долгогодишно пријателство: Орбан и Путин (RIA Novosti / CC-BY-SA 3.0)

    ИЗРАЕЛСКИТЕ ЧУВАРИ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (2): Најновиот непријател беше избран во 2024 – Украина

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ВЕСТИ

Сирија го доведе светот на раб од нова војна

April 12, 2018 13:08
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Се понеизвесно станува дали САД со воена акција ќе одговорат на наводниот хемискиот напад во саботата во сирискиот град Дума.

Последиците од евентуален американски напад врз Сирија можат да бидат катастрофални, бидејќи може да се вмеша и Русија, која е долгогодишен сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Вашингтон за нападот ги обвини Русија и Сирија. Сириската Влада и официјална Москва негираат каква било вмешаност во нападот во Дума, при што загинаа најмалку 70 лица, а околу 500 луѓе побарале лекарска помош поради труење.

Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) уште нема соопштено дали во Дума беше употребено хемиско оружје.

Додека западните земји се подготвуваат да ги поддржат САД, се погласни се и предупредувањата од дел од светските актуелни и поранешни лидери дека воена акција во Сирија може да предизвика несогледливи последици, како за регионот, така и пошироко.

САД, Велика Британија и Франција се согласија дека ќе дејствуваат со заеднички сили и најверојатно се подготвуваат за напад. Британската премиерка Тереза Меј е подготвена да дозволи учество на британската војска во воена акција.

Според британските медиуми, Меј наредила британски подморници да се распоредат така што Сирија ќе биде во дострел на ракетите и да бидат подготвени да ја нападнат сириската армија.

„Дејли мејли“ повикувајќи се на неименувани извори во британската Влада, објави дека Лондон „прави се што е потребно“ за да биде во можност да испука крстосувачки ракети „Томахавк“ од подморниците кон воени цели во Сирија.

– Употребата на хемиско оружје не може да мине без одговор, изјави вчера Меј, нагласувајќи дека „се упатува на тоа дека за нападот е одговорен сирискиот режим“.

Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека одлуклата ќе ја донесе во следните денови, додавајќи оти Париз е подготвен да дејствува, ако се докаже дека е употребено хемиско оружје во Дума.

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис синоќа изјави дека е подготвен да  му достави на претседателот Трамп план за воена акција за Сирија.

– Се уште анализираме податоци на разузнавањето и на нашите сојузници, се уште работиме на тоа. Подготвени сме да обезбедиме воени опции, ако тоа е прифатливо  за претседателот доколку се одлучи на таков чекор, изјави Матис.

Сирискиот  центар за мониторинг на човекови права вчера објави дека провладините сили во Сирија се повлекуваат од главните аеродроми и воздухопловни бази поради евентуални воздушни напади од страна на САД. Според „Њујорк тајмс“ сириските авиони се преместени во руската база во близина на Латакија, а дислоцирани се и руските сили и опрема.

Авиокомпаниите веќе ги откажуваат прелетите над Сирија.

На Твитер денеска беше објавено дека американско воено летало од типот „Боинг Е-4Б Најтвоч“, познат како „Авион на Страшниот суд“, полета од воздухопловната база Рајт Петерсон во сојузната држава Охајо.

„Боингот Е-4Б Најтвоч“, кој ја има улогата на национален воздушен оперативен центар, е наречен „Авион на Страшниот суд“ затоа што се смета дека тој би бил користен во случај на нуклеарен воен конфликт.

Американското Министерство за одбрана засега ниту ги потврди, ниту ги демантираше ваквите информации. Портпаролот на Пентагон, Том Кросон изјави дека Минисетсрвото не објавува никакви дополнителни информации во врска со ова тврдење.

Се погласни се и апелите за смирување на тензиите.

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш изјави дека стравува оти ситуацијата во Сирија може да излезе од контрола.

– Изразив незадоволство вчера од информациите за употреба на хемиско оружје во Сирија. Јас исто така многу внимателно ја следам ситуацијата во Советот за безбедност на ОН и жалам што до сега не е постигната согласност за тоа прашање, посочи Гутереш.

Тој додаде дека разговарал со претставниците на петте постојани земји членки на СБ за опасностите од сегашната ситуација.

– Ја потенцирав и неопходноста да се избегнува ситуацијата да излезе од контрола. Да не заборавиме, дека на крај нашите напори треба да бидат насочени кон прекин на страшните страдања на Сиријците, посочи Гутереш.

Претходно и тускиот министер за одбрана Нуретин Џаникли предупреди дека потенцијалниот конфликт помеѓу Русија и САД во Сирија би можел да го запали Блиски Исток.

– Доколку се случи напад врз силите (во Сирија), кои се поддржани од Русија или се нападнат силите кои се поддржани од САД, Русија нема да може да се држи по страна или ќе го изгуби своето влијание. Така што може да почнат сериозни судири, изјави Џаникли.

Тој додаде дека таквата опасност е присутна подолго време.

– Само една искра може да го запали целиот регион и да ја отвори вратата за судирите, наведе Џаникли, при тоа упати апел до Русија и до САД да дејствуваат воздржано, а режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад да престане да ги поддржува терористичките организации.

И покрај предупредувањата и апелите да надвладее здравиот разум, поморските флоти на Русија и на САД веќе се на готовс, количеството на оружје што би можело да биде употребено е огромно.

Американскиот разурнувач „Доналд Кук“, кој е на околу 100 километри од Тартус, каде се наоѓа поморската база на Русија, е опремен со 50 крстосувачки ракети „Томахавк“. Кон Сирија е испратен и носачот на авиони „Хари С. Труман“, а го придружуваат крстосувачот „Нормандија“ и четри разурнувачи  – „Арлеј Бурк“, „Булкелеј“, „Форест Шерман“ и „Фарагут“. Американската флота е придружена и од германската фрегата „Хешен“.

Од друга страна во Средоземно Море се наоѓаат група борбени бродови на Русија, меѓу кои и дизел подморници, вооружени со ракетите „Калибар“. Во базата Хмејмим стационирани се авиони ловци и бомбардери, вклучително и најновите авиони Су-57.

Русија располага и со „Бастиони“ крајбрежни ракетни комплекси со високопрецизни противбродски ракети „Јахонт“ и „Оникс“. „Бастиони“ можат да погодат бродови во радиус од 350 километри.

Руските единици во Сирија имаат и „Панцир-С1“, самоодни противвоздушни ракетни системи, а руската база во Сирија е заштитена и со комплексите за противвоздушна одбрана С-400.

Ако САД ја нападнат Сирија пред извештајот на ОПЦВ, Вашингтон ќе биде обвинет дека не ги чекал резултатите и оти наводниот напад е само изговор за интервенцијата. САД се уште само вербално и се заканува на Сирија, но ако преземе акција, тоа ќе биде втора операција врз сириската армија.

По хемискиот напад во Хан Шејкун во Сирија во 2017 година, Трамп нареди напади врз сириска база од каде беше изведен нападот. Ракетите беа истрелани од американски воени бродови на Медитеранот, а оштетија патишта и хангари, кои брзо беа поправени. Тој напад беше оценет како симболичен, додека по нападот во Дума, Трамп најверојатно ќе биде принуден да се покаже како „силен лидер“.

Евентуални цели на вториот американски напад би биле сириските бази и воената авијација. Нападот би можела да го изведе американската поморска флота стационирана во Источен Медитеран. Воени авиони има и во Катар и на носачите на авиони распоредени во Персиски Залив, од каде се напаѓаат позициите на Исламска држава.

Но, проблематични би можеле да бидат прелетите над Ирак и над Саудиска Арабија, па како опција се наведуваат крстосувачките ракети. Ако на нападите се придружи Велика Британија нападот може да се изведе од базата на Кипар.

На таквиот напад можно е Русија да ги активира системите за противвоздушната одбрана С-400, кои се стационирани во Сирија повеќе од една година. Руската армија неколкупати ги вклучуваше системите, но до сега не ги има искористено.

Сириската армија не би можела да возврати на нападот од САД, бидејќи сириските сили се истрошени во седумгодишната војна, а сириските системи за одбрана се делумно уништени при израелските напади.

Клучно прашање е и како би реагирала Русија, како сојузник на Асад, на нападот на САД. Вашингтон ќе се обиде да ја избегне конфронтацијата со Русија, која објективно е опасност од почеток на трета светска војна, а можеби и на нуклеарен напад.

Можеби Русија не би реагирала на американската интервенција, а можно е да го активира противвоздушниот систем С-400 и да собори еден или неколку американски или сојузнички авиони, а може и да потопи брод од кој би биле лансирани крстосувачките ракети. САД на тоа би возвратиле со бомбардирање на противвоздушната одбрана, а и на базата Хмејмим или поморската база Тартус.

При таква ситуација, потенцијалот за ескалација е многу голем, а во судирот може да се вклучи и Израел, кој одамна изведува напади во Сирија со цел да го спречи јакнењето на иранските сили и либанскиот Хезболах на својата граница.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денескаа повика на акција против Сирија, поради сомнежите дека сириските владини сили извршиле напад со хемиско оружје во градот Дума.

– Настаните од последните денови не учат дека борбата против злото и агресијата е мисија, која секоја генерација треба да ја преземе. Ги видовме сириските деца, кои беа убиени со хемиско оружје. Срцата ни се раскинаа од ужасната глетка, изјави израелскиот премиер во говор по повод Денот на сеќавање за жртвите на Холокаустот.

Марина Илиевска

[divide]

Извор: МИА

Tags: војнаРусијаСАДСирија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Политика, бизнис и ПР: Што стои зад посетата на Трамп Помладиот во Бања Лука

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ