• Latest

“Скопје 2014”: Шест години кошмар!

February 4, 2016
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

“Скопје 2014”: Шест години кошмар!

February 4, 2016 12:47
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, навршуваат 6 години од промоцијата на видео-материјалот со кој беше претставен новиот лик на македонската престолнина во 2014-та година. Проектот “Скопје 2014” беше најавен од министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, тогашниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Првично, проектот оспоруван на естетски план, требаше да се состои од четирнаесеттина споменици, скулптури, објекти и нови фасади на зградите и да изнесува 80-тина милиони евра. Но, откако лудилото наречено “Скопје 2014” започна, предвидените бројки, во изминатите шест години, енормно се зголемија. Бројот на нови барокни градби се зголеми на повеќе од 130, а неконтролираното градење го чини буџетот на Македонија, повеќе од 600 милиони евра! А на безмилосното празнење на сé попразните џебови на граѓанките и граѓаните, како да му нема крај. Со недобројливите анекси на договори, кич – зданијата од карикатуралниот проект кој ја девастираше сликата на Скопје, годинава, и веројатно, и во 2017-тата, најверојатно ќе проголтаат уште некоја „стотка“ од милионите евра со кои актуелната власт ги оптовари следните генерации, кои ќе се раѓаат како должници…

[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=YBYtmAOt7RI[/youtube]

Обезбедувањето на простор потребен за изградба на сите зданија,  значеше и уништување на голем број на зелени површини и паркови во градот, задушување на секој слободен простор и целосно блокирање на централниот плоштад. „Скопје 2014“ ја надмина и временската рамка. Две години по зацртаниот рок за целосно менување на изгледот на градот, проектот сé уште се надополнува со нови згради , мостови, споменици, фонтани кои никнуват секојдневно, неретко без никаква најава.

Реализација на „Скопје 2014“ беше проследена со голем број дебати, со повеќе граѓански акции и протести. Граѓаните на Скопје беа гласни против реконструкцијата на Градскиот трговски центар и против уништувањето на паркот кај хотел “Бристол”, а медиумите се мајтапеа со „покривањето на машкоста“на Прометеј…

Најголемиот архитектонски зафат реализиран на овие простори во поновата историја, не остана незабележан и од меѓународната јавност. Но, најчесто, не како туристичка атракција која го полни буџетот на Македонија, како што најавуваше владејачката ВМРО-ДПМНЕ, туку како проект за потсмев. Странските медиуми, го споредуваа со “стрип од Астерикс и Обеликс”, како “град на историски кич”, “балкански Дизниленд”, “базиран на смеса од историско и естетски нехармонично вајарство”, го оценуваа како “неверојатно скап”, како “микс од Лас Вегас и Пјонгјанг”, како “полуд и од најлудите замисли на туркменистанскиот диктатор Нијазов”.

Шест години подоцна, проектот за кој никој рационален не можеше да претпостави дека ќе ги достигне овие димензии, продолжува да биде контроверзен, и од економски, но и од естетски аспект. „Скопје 2014“ и понатаму продолжува да биде наше дегутантно секојдневие, кошмар во кој живееме и кој изгледа дека нема да престане да ја шокира македонската и дел од светската јавност, сé додека и најмалиот слободен простор, или и најпожолтеното зеленило, не се исполни со нови градби. Со нови кулиси од некакво одамна минато време, кое никогаш не се ни случило во Македонија.

Tags: барокни градбикошмарСкопје 2014туристичка атракција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ