• Latest

Скопје не сака да се нарушат односите со Москва, се чека одговорот од Русија

March 28, 2018
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Скопје не сака да се нарушат односите со Москва, се чека одговорот од Русија

March 28, 2018 08:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека не очекува одлуката за протерувањето на дипломат од Руската амбасада во Скопје да ги наруши односите со Русија.

– Официјалните ставови на високите претставници од Руската Федерација се дека законите мора да се почитуваат и службите кои што работат насекаде, тоа се пред се овластени, односно акредитирани дипломатски претставници, кои насекаде во светот, мора да ги почитуваат Виенските конвенции и законите на матичните земји, рече Заев.

Тој ја потврди информацијата на шефот на дипломатијата Никола Димиторв дека протерувањето на рускиот дипломат е поради, како што рече, постоење сериозни сомнежи, односно докази поткрепени со документација и согласно дипломатските процедури и оти во случајов е постапено согласно Виенската конвенција и домашните закони.

Владата, рече тој, пред да ја донесе одлуката го контактирала претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој наведе, има свој став.

Претсдеталот Иванов, пак, со став дека одлуката за протерување на рускиот дипломат е избрзана, бидејќи, според него, Македонија како кандидат за членство во ЕУ, ја следи политиката на Унијата и нивните одлуки донесени по пат на консензус и на ниво на ЕУ, но во случајов, наведува, се работи за индивидуални одлуки на поедини земји-членки.

– Претседателот на Република Македонија повикува на воздржаност од избрзани чекори во надворешната политика, за да се спречи можното нанесување штета во остварување на стратешките цели на Република Македонија, се наведува во ставот од претседателскиот Кабинет.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров вчера изјави дека одлуката за протерување на рускиот дипломат била донесена по внимателно размислување и анализа и се заснова на нападот што се случи со хемиско оружје во Велика Британија и солидарноста што ја побарале нашите сојузници и синхронизираната акција на дел од меѓународната заедница. Таа додаде има и домашна основа и вели, се работи за лице што со своите делувања излегло вон својот дипломатски мандат и одредбите на Виенската конвенција за дипломатски односи.Рече дека се работи за обид за добивање класифицирани информации важни за безбедноста на Македонија.

– Ова беше реакција што е во функција на заштита на државниот интерес, на интегритетот на институциите, и на безбедноста на државата. Сакаме да имаме пријателски односи со сите држави, кои подразбираат искреност, и разбирање за стратешките и клучните интереси на двете страни, додаде Димитров.

И тој се согласува со ставот на премиерот Заев дека одлуката не би требало да има последици врз билатералните однсои со Москва, бидејќи вели, меѓу пријателите има и недоразбирања, а кога тие ќе се надминат пријателството ќе биде посилно.

Македонското Министерството за надворешни работи прексиноќа соопшти дека протерува еден дипломат на Руската Федерација, поради случајот Скрипал. Одлуката на македонското МНР е донесена по консултации со сојузници и партнери од ЕУ и НАТО.

Руската амбасада по одлуката на македонмското МНР, на Твитер објави дека македонската страна ќе ги сноси последиците од протерувањето на рускиот дипломат.


Извор: МИА

Tags: дипломатијаМакедонијаОдносиРусија
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ