• Latest
Локацијата покрај реката Вардар каде што треба да се изгради пречистителната станица за отпадни води во Скопје /Фото: Мета.мк

Скопје без пречистителна станица, Градот без конкретни одговори: Чии рачиња се во медот?

February 27, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕН ЦИВИЛ

Скопје без пречистителна станица, Градот без конкретни одговори: Чии рачиња се во медот?

February 27, 2023 13:41
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Локацијата покрај реката Вардар каде што треба да се изгради пречистителната станица за отпадни води во Скопје /Фото: Мета.мк

Локацијата покрај реката Вардар каде што треба да се изгради пречистителната станица за отпадни води во Скопје /Фото: Мета.мк

Share on FacebookShare on Twitter

„Сè уште е во тек постапката чија динамика беше успорена поради ревидирање, кое следеше по разрешувањето на Златко Перински. За исходот од постапките благовремено ќе ве известиме“, одговорија од Град Скопје, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа кога може да се очекува потпишувањето на договорот за Пречистителна станица Скопје и на што се должи одолговлекувањето на целиот процес.

Прочистителната станица Скопје по распишување на тендерот во јуни 2020 година, се очекуваше да биде завршена до 2030 година. Со третман на отпадни води во 9 општини во Скопје, треба да се опслужат над 500.000 жители, да се намали загадувањето на реката Вардар и да се зголеми отпорноста на градот при екстремни временски непогоди со зајакнувањето на самиот третман на отпадните води.

Обезбедувањето на финансии и потпишување на договорот за пречистителната станица се случи во декември 2019 година, кога Министерството за финансии потпиша договор за 136 милиони евра со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). Дополнително државата доби грант од ЕИБ во износ од 10 милиони евра.

Одговор на прашањето доставено до градоначалничката Данела Арсовска, го поставивме и на Генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Драган Илиевски, од кого не добивме одговор. Илевски доаѓа на местото на разрешениот Златко Перински, поради што се одложила постапката.

Токму неговото разрешување беше причина за кавга меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, што освен исходот од изградбата на пречистителната станица, Градот го чинеа и стопирање на ред други проекти.

Причината за разрешувањето на Перински, како што изјави тога Арсовска беше дека тој постапувал несоодветно во постапката во избор на изведувач на проектот по распишувањето на тендерот, обвиненија што Перински ги отфрли.

Според информации кои ги објави минатата недела сдк.мк, постапката е завршена и нема причина за кочење на процесот на изградба на пречистителната станица. Изворите на медиумот потврдуваат и дека изборот на фирма-надзор е завршен, договорот за надзор е потпишан, извборот на фирмата што ќе ја гради пречистителната станица е завршен, но Илиевски не го потпишува. Замерки немаат ниту банките финансиери.

Перински е разрешен во септември 2022. Прашањето што јавно го поставува редакцијата до градоначалничката Данела Арсовска, и генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, што всушност се ревидира и колку време уште е потребно за ревидирање и ако се точни обвинувањата што беа посочени јавно, зошто на истиот начин не се постават и доказите. Зошто се прибегнува, на штета на граѓаните, на одбегнување на прашањето за судбината на Пречистителната станица Скопје? Оттаму, чии „рачиња се во медот“?

И покрај фактот што финансиска полиција влезе во ЈП „Водовод и канализација“, веднаш по разрешувањето на Перински, сепак, официјален одговор за нерегуларности, околу спорната пречистителна станица, нема.

Во очекување на одговор, што губат скопјани, но и граѓаните во целост, доколку евентуално се одложи или стопира проектот за Пречистителна станица Скопје?

Според планот се предвидува проектот да се одвива во две фази. Во првата фаза , до 2030 година треба да функционира една  единица за подтретман и една за биолошки третман на отпадните води. До 2045 година треба да се заврши и надоградбата за отстранување на фосфорот и азотот. Дополнително постои можност во втората фаза да се изградат и единици за дезинфекција и третирање на атмосферски води.

Придобивките се взаемно и за заштита на животната средина и екосистемот на реката Вардар, како и за здравјето на жителите на град Скопје. Освен што ќе придонесе за отворање на нови работни места, ќе придонесе и за почисто и поздраво живеење во главниот град, подобрување на статусот на површинските и подземните води.

Пречистителната станица треба да се гради во Трубарево, Општина Гази Баба, треба да ги пречистува отпадните, фекални и канализациски води и како такви да се пуштаат во Вардар, во меѓувреме да опслужат над 500.000 жители во Скопје, но и сите што живеат по течението на реката Вардар.

Б. Јордановска/ Грин ЦИВИЛ

 

Tags: Град СкопјеЈП Водовод и канализацјапречистителна станицаСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ