Непознати лица искршиле едно стакло од автобус „Неоплан“, во кој се превезувале кошаркарите на Кошаркарскиот клуб „МЗТ“-Скопје, кои се враќале од натпревар од Гостивар. Инцидентот се случи синоќа околу 23 часот на улицата „Васко Карангелевски“, соопштуваат од Секторот за внатрешни работи – Скопје.
Нема повредени лица, причинета е само материјална штета. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Инаку, кошаркарскиот натпреварот помеѓу Работнички и МЗТ-Скопје кој требаше да се одигра во недела, но, поради технички проблеми беше одложен и се одигра вчера во Гостивар, без публика за да не дојде до судир помеѓу навивачките групи.
Сè почесто граѓан(к)ите се сведоци на инциденти кога има некој фудбалски или кошаркарски натпревар.
Д. Муратов