Зијадин Села, еден од лидерите на коалицијата „Алијанса за Албанците“ изјави дека по денешната средба во македонското Собрание со еврокомесарот Јоханес Хан, заедно констатирале дека предвремени парламентарни избори само би ја комплицирале и така сложената политичка состојба во државата.
„На средбата со комесарот Хан, зборуваме за политичката состојбата по предвремените избори од 11-ти декември, за политичката криза… Ставовите на Европската унија се оние што сме ги чуле и порано. Тие се многу заинтересирани за стабилноста, за да продолжи Македонија по патот на евроинтеграциите и што поскоро да биде членка на НАТО. Тие сакаат што поскоро во Македонија да се формира политичка влада. Со Хан, заеднички констатиравме дека предвремени парламентарни избори не се решение и дека тие би ја комплицирале уште повеќе политичката ситуација“, изјави Села.