Министерката за одбрана Славјанка Петровска во објава на Фејсбук порача дека „инклузивноста е нашата сила и дека најдобар начин да го покажеме тоа е лицата попреченост да ги вклучиме да работат во Министерството, и тоа без објавување на јавен оглас“.
Таа истакна дека со новиот предлог Закон за вработени во одбраната е предвиден член со кој ќе се овозможи вработување на лицата со попреченост без претходно објавување оглас.