• Latest

Слобода на говор: Северна Македонија прва во регионот со најмалку тужби за новинари

January 23, 2023

Србија пред избори: Судир за власта, но и тест за демократијата

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Слобода на говор: Северна Македонија прва во регионот со најмалку тужби за новинари

January 23, 2023 14:41
in АНАЛИЗИ, МЕДИУМИ, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Тужбите за клевета и навреда против новинари и медиуми, на англиски наречени SLAPP, односно стратешка тужба против јавно учество стануваат доста популарни и нивниот број расте во Европа и земјите од регионот, за разлика од Северна Македонија.

Додека во земјите од регионот има се повеќе тужби за навреда и клевета против новинарите од страна на политичарите, во земјава ваквите примери се во постојан пад. Според податоците на независните новинарски здруженија, ситуацијата во регионот е најкритична во Хрватска, каде според Хрватското здружение на новинари има преку 950 активни тужби против хрватски новинари и медиуми со побараувања од преку 10 милиони евра.

Новинарските здруженија од Хрватска бараат промени во законодавството со цел да се намали притисокот од ваквите тужби и бараат декриминализација на сите деча кои се однесуваат на честа и репутацијата.

Меѓународниот новинарски институт ИПИ забележа и зголемување на вакви тужби против новинари и во Грција во изминатите години. Најчесто овие тужби доаѓаат против новинари кои откриваат скандали и коруптивни зделки кај владините функционери, а се користат за да се замолчат новинарите.

Ситуацијата значително се влошува и во Србија, каде што според БИРН од 2010 до 2020 имало над 26 случаи на вакви тужби за замолчување новинари, но во последните две години бројот на тужби значително порасна. Само „КРИК“, срспката мрежа за известување за криминал и корупција доби 12 тужби од владини функционери за нивните известувања за коруптивни и криминални скандали.

Целта на ваквите тужби доста често не е добивањето на оштета од страна на функционерите – тужители, туку замолчување на новинарите и медиумите и „убивање“ на сториите на кои работат.

Сепак, ситуацијата во земајва, за разлика од регионот се подобрува. Како што објави Цивил Медиа, бројот на тужби за навrеда и кревета против новинари бележи постојан пад. Во 2016 имало 6 тужби против новинари, 4 во 2017 година, 2 во 2018 година, 7 во 2019 година, 3 во 2020 година, 8 во 2021 година и 2 во 2022 година.

Во текстот се посочува дека  за разлика од 2012 година, кога биле регистрирани 330 тужби, во 2016 година имало 40, во 2017 година 39, а во 2020 година 33 предмети во кои странка е новинар или медиум.

Во текот на изминатата, 2022 година, ЗНМ нема регистрирано завршена постапка или процес во кој бил осуден некој новинар или била изречена каква било казна. Тоа покажува дека клеветата и навредата сè помалку се користат како инструмент за притисок врз новинарите и медиумите, објави Цивил Медиа во анализата.

Во Северна Македонија клеветата и навредата не се кривична материја, туку се уредени со Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, а со последните измени се намалија и максималните казни кои новинарите и медиумите може да ги платат од ваквите тужби. Така, казната за новинар од 2.000 евра се намали за износ не поголем од 400 евра. За уредник од 10.000 на 2.000 евра, додека за правно лице, досегашната казна од 15.000 евра се намалува за износ не поголем од 5 000 евра.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ