• Latest

Светот им аплаудира на медиумските слободи во земјата после 2017, а МАН го тврди обратното и шири невистини

January 19, 2023

(ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

April 27, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лажги

April 26, 2026
Чорнобил, некогаш и сега

40 години по Чорнобил: Војната повторно ја носи заканата од нуклеарна катастрофа

April 26, 2026

До пазарот и назад

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026
Чорнобил, 1986

За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

April 24, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

April 24, 2026
фото: СДСМ

Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

April 24, 2026

Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

April 24, 2026
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

Фашизмот и ние

April 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    (ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    (ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Светот им аплаудира на медиумските слободи во земјата после 2017, а МАН го тврди обратното и шири невистини

January 19, 2023 11:36
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

На интернет страницата на MАН (Македонска асоцијација на новинари) има само две категории со информации. Едната е „За нас“ и втората „Соопштенија“. Нема информации ниту за претседателот, членовите на управниот одбор, ниту, пак, за организационата структура на асоцијацијата.

Но тоа е помалку важно. Многу поважно е што на страницата на МАН не постои Кодекс на новинарите на МАН, ниту било каков документ којшто ќе потврди или ќе сведочи за тоа кои се професионалните стандарди или принципи за коишто се залага оваа асоцијација и на коишто ќе се потпира нивната партиципација во општеството и во заштитата на професионалните определби на новинарите членови на ова новинарско здружение.

Бидејќи немаат таков професионален етички кодекс, од МАН си дозволиле да објават соопштение во кое се тврди дека „притисоците на власта го качија црниот резултат на судски прогони против независните медиуми и новинарите од 24% во 2016 на фантастични 68% во 2022 година“, што е  една тотална невистина.

Ниту има објаснување, ниту од што се влечат овие проценти. Ништо. Само така „истресени“ податоци кои, освен што се невистинити, немаат никакво значење освен намера да предизвикаат „смут“.

Кога би имале кодекс според кој ќе се раководат, што е темелен оснивачки документ на една новинарска асоцијација, како што е Кодексот на новинарите на Македонија на Здружението на новинарите на Македонија, оваа лага на МАН, дека судските процеси на власта од 24% во 2016 година, пораснале на 68% во 2022 ќе беше во судир со преамбулата на Кодексот кој утврдува дека „основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од нашиот Устав“ и да ги „почитуваат етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни“.

Кодексот на новинарите определува новинарите да бидат чесни и објективни

Бидејќи во соопштението на МАН е изнесена невистина, односно неточни податоци, следува дека е доведена објективноста и чесноста на авторите на тоа соопштение, затоа што вистината е сосема спротивна.

Според студијата „Северна Македонија – Показатели за степенот на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите во 2021 година“, бројот на тужби за клевета и навреда кон новинари и медиуми е многу намален откако е декриминализирана клеветата и навредата.

Така, се констатира во студијата, за разлика од 2012 година, кога биле регистрирани 330 тужби, во 2016 година имало 40, во 2017 година 39, а во 2020 година 33 предмети во кои странка е новинар или медиум.

Според добиените податоци од Основниот граѓански суд Скопје, вкупниот број активни предмети во кои како странка е новинар или медиум во 2021 година изнесувал 20.

Во текот на изминатата, 2022 година, ЗНМ нема регистрирано завршена постапка или процес во кој бил осуден некој новинар или била изречена каква било казна. Тоа покажува дека клеветата и навредата сè помалку се користат како инструмент за притисок врз новинарите и медиумите.

Во златното време на Груевски секој ден имало најмалку по една тужба за новинари

Фрапантна е бројката од 330 тужби во 2012 година. Во таа 2012 година секој ден имало најмалку по една тужба за новинарите, освен за време на викендите. Па дури и за време на викендите ако математички го упросечиме и распоредиме вкупниот број на тужби против новинарите.

Благодарение на кампањата на слободоумните и прогресивни граѓани, и на заложбите на Здружението на новинарите, во 2012 година беа прифатени измените во Кривичниот законик за декриминализацијата на делата клевата и навреда па бројот на тужби против новинарите во наредните години почна да опаѓа.

Сепак, и во наредните години тужбите за клевета и навреда продолжија да бидат „омилен спорт“ на тогашните функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Студијата „Показатели за степенот на слобода на медиумите и за безбедноста на новинарите“ на ЗНМ за 2017 година нотира дека во периодот 2013-2015 година биле „констатирани голем број спорови во кои како тужители се јавуваат високи владини функционери, а како тужени, новинари кои критички известуваат за власта. Речиси сите тие случаи завршуваа со позитивен исход за тужителот и несоодветно големи парични казни за тужените“.

Она што не смее да се заборави, е дека во периодот од 2015 до 2016 година имаше серија тужби на новинари против новинари за критички текстови во кои се објавуваат информации за различни афери и привилегии што нивните колеги ги добиле од власта.

Се сеќаваме на судските случаи на Драган Павловиќ-Латас или на Ивона Талевска против „Фокус“ и новинарските Јадранка Костова и Мери Јордановска, иако најголем дел од објавените информации биле претходно изнесени на прес-конференција на СДСМ, а во врска со истрагата на Специјалното јавно обвинителство покрената врз основа на снимките од прислушуваните разговори.

Будењето на пролетта во тој период ги донесе и првите пресуди во полза на тужените, откако судечките совети прифатија дека новинарите во тие, и во сличните случаи, се исклучуваат од одговорност кога известува за изјави и информации обелоденети од трето лице. На пример, во една од пресудите се наведува дека новинарите: „…постапувале во согласност со професионалните стандарди на новинарската професија… само пренесувајќи веќе дадени информации во рамки на прес-конференција на политичката партија СДСМ“.

И судот потврдува: Бројот на тужби против новинари значително се намали

И информациите кои ги добивме од Основниот граѓански суд Скопје за оваа анализа за вкупно поднесени тужби во периодот од 2016 до 2022 година потврдуваат дека во споредба од периодот 2012-2016, бројот на поднесени тужби против новинари/медиуми како тужена страна, а од страна на политичари како тужители во период изнесува 32.

Искажано по години и тоа: 6 во 2016 година, 4 во 2017 година, 2 во 2018 година, 7 во 2019 година, 3 во 2020 година, 8 во 2021 година и 2 во 2022 година.

За да имаме денеска вакви прецизни податоци со кои се избегнуваат манипулации за бројот на тужби против новинарите, од 2016 година во судската пракса беше утврден посебен уписник (П5) за тужбите за граѓанска одговорност за навреда и клевета кои денеска можат како податоци да се црпат од оперативниот систем АКМИС којшто судовите го користат за работа.

Како дополнителна придобивка, со којашто се гарантира слободата на изразување, како и работата на новинарите без силен притисок од санкции, е донесување на измените и дополнувања на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Значајна новина во новиот Закон е големото намалување на максималните износи кои судот може да ги досуди како надоместување на нематеријална штета предизвикана со навреда или клевета од новинар во вршење на новинарска професија, од уредник или лицето кое го заменува или од правно лице. Така, казната за новинар од 2.000 евра се намали за износ не поголем од 400 евра. За уредник од 10.000 на 2.000 евра, додека за правно лице, досегашната казна од 15.000 евра се намалува за износ не поголем од 5 000 евра.

Со донесувањето на овој закон се постигнува усогласеност со меѓународните стандарди, Европската конвенција, праксата на Европскиот суд за човекови права, и со директивите кои ги гарантираат слободата на изразувањето и на новинарите.

Ваквото усогласување е дел од поглавјето „3.23 Правосудство и фундаментални права“, кое ги покрива областите на правосудство, антикорупциска политика и фундаментални права, односно политиките на Европската Унија кои имаат за цел да се осигури квалитет на правдата и пристапот до правдата за граѓаните, што е особено значајно во годината кога Северна Македонија, после скринингот, ќе почне да ги отвора поглавјата за исполнување на условите за членство во ЕУ.

Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: дезинформацииклеветаМАНмедиумски слободи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ