„Слбодата е основа за секој човек, треба да си ја спознае и да си ја живее“, изјави граѓанка од Штип на прашањето што за неа претставува слободата на изразување.
Граѓанките и граѓаните во Штип сметаат дека слободата на изразување не е толку во ризик, колку што е слободата на медиумите, а таа зависи од повеќе фактори.
„Вие новинарите сте криви што не се информирате добро. Не барате информации од сите релевантни фактори“, изјави еден од соговорниците за ЦИВИЛ Медиа.
Маја Ивановска
Камера: Биљана Јордановска
Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.