• Latest

СЛОБОДНА ЗОНА: Орданоски, Дерала, Биба…

May 4, 2021
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

СЛОБОДНА ЗОНА: Орданоски, Дерала, Биба…

May 4, 2021 21:00
in ДНЕВНИК, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Слободна  зона денеска со Сашо Орданоски и Агрон Биба.

„Денешнава демократска држава – оваа „на Заев“ – дува и на маштеница, па тукушто иницира правен статус новинарите да се третираат како „службени лица“, за секој напад врз нив да се гони кривично. (Ова е вториот момент за мајки, шајки, ти-ли-бе, тој-ли-бе и сл.) Не сум сигурен дали спроведувањето на оваа мерка е изведливо, бидејќи физичките напади врз новинари во Македонија се релативно ретки (особено кога се „на службена задача“), наспроти простотијата и говорот на омраза на која сме изложени во виртуелниот свет.

Затоа, можеби е најпаметно овој 3-ти (и 4-ти, и 5-ти, и 18-ти итн.) мај да го посветиме на, всушност, главниот модерен проблем за слободата на медиумите: лагите и ширењето лажни вести – и нивните уште поопасни „први братучеди“, полувистините и „алтернативните факти“! – пред кои е исправена професијата. Тоа производство на невистини и полувистини е толку големо, што нема медиум во Македонија со човечки, професионален, финансиски и друг капацитет што може ефикасно да им се спротивстави. Тие се „отровот“ во мали и големи дози што ќе ѝ пресудат на нашата демократија, пишува Орданоски во колумната Кој мисли зло не пее

Пропагандните центри прават сè за да ги омаловажат и дискредитираат поединците и организациите кои работат на промовирање на европските вредности, антинационализмот, правдата, еднаквоста и човековите права. Мојата работа е во директна спротивност на сè што тие претставуваат. Тоа е причината за оваа огромна повеќегодишна мрачна кампања против оние што се залагаат за човековите права.

Јас сум еден од оние кои едноставно се откажаа од барање заштита, правда и/или надоместување на штетата предизвикана од нападите со омраза на социјалните мрежи и во медиумите. Скоро никој не се конфронтира со насилството преку Интернет. Напротив, околу омразата се кренати ѕидови на тишината. И институциите молчат.

Јавноста, граѓанските организации и медиумите претежно молчат бидејќи многу од нив стравуваат од одмазда од авторитарните политички сили, доколку се вратат на власт. Исто така, постојат долгогодишни коруптивни врски помеѓу поранешната авторитарна влада и медиумите.

Правдата и отштетата се изгубени битки. Судските процеси се бавни, скапи и со непредвидлив исход. Нашите обиди да бараме правда и компензација се придружени со уште пожестоки онлајн закани со омраза и малтретирање. Да се ​​живее со ваков притисок е тешко, особено кога се знае дека дезинформациите и пропагандата на омраза се креирани од моќни структури, отворено поддржани од Русија, пишува  Џабир Дерала во коментарот Антизападни пропагандни центри против граѓанското општество во Северна Македонија: Случајот на ЦИВИЛ, објавен во HEINRICH-BÖLL-STIFTUNG

„Поради неуспешниот обид да се формира Супер Европска Лига, почнаа масовни протести на најпопуларниот светски спорт, фудбалот. Навивачите се пожестоко и понасилно протестираат, и навидум наликува на Марксистичка Октомвриска Фудбалска Револуција…..истотака, останува да се види како сето ова ќе се одвива, кога обичниот фудбалски навивач, конечно го крена гласот против супербогатите и тотално незаинтересирани освен за профит антифудбалски и антиспортски американски, руски, кинески и арапски сопственици… сите со сомнителни богатства кои ги кријат своите сомнителни богатства позади сопствеништвата во фудбалските клубови во Англиската Премиер Лига, и не само таму.

Сите овие случувања формираат перфектна социјална бура, или вистински молотов коктел, пишува Агрон Биба во колумната Смртта на англиската (глобалната) Кралица и преродбата на англискиот (глобалниот) фудбал

Д.Т. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ