Зоран Заев, претседателот на Владата на Република Македонија се сретна со амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Милан Јазбец.
Амбасадорот Јазбец оцени дека се чувствуваат позитивните промени во Македонија и му честиташе на премиерот Заев за ефектите од засилената дипломатска активност што ги отвораат перспективите на државата кон ЕУ и НАТО, но и за економски развој и квалитетен живот на граѓаните на Македонија.
Во таа насока договорени се повеќе конкретни чекори за грантови и инвестиции во проекти за питка вода и за отпадни води, што ќе бидат значајни за општините и жителите во внатрешноста во Македонија.
Словенечкиот амбасадор Јазбец во таа насока пренесе интерес на словенечката Влада, како и на фирми од Словенија за учество во вакви инвестиции, што се разгледува да се реализираат и со вклучување на Владата на Македонија, на општините и на приватни домашни ресурси, согласно потребите.
МЛ