Народен фронт за спас на Македонија најавува семакедонски сенароден протест утре во 18 часот пред Владата на Република Македонија, против: Законот за двојазичност, Договорот со Бугарија и преговорите за името.
„Отворено повикуваме сите партии, здруженија и организации да се придружат. Излези масовно Македонски народе и побарај ја оставката од оваа предавничка власт!“, стои на повикот.
На протестот ќе обратат претставници од СеМакедонски национален совет – Македониум, Христијанско Братство, Филип Петровски, а поканети се представници од Беломорска и Пиринска Македонија, како и на Македонците од Албанија и од Гора да зборуваат на протестот против предавствата врз Македонија и Македонскиот народ.
Д. Муратов