Снег падна во пустината Сахара, втора година по ред. Според информациите, снежните врнежи започнале рано утрото во неделата во регионот на градот Аин Сефра во северниот дел на Алжир.
Снежната покривка достигнала околу 40 сантиметри, но се стопил до вечерта.
Во соопштението се вели дека во последните 37 години во пустината, снег паднал четири пати. Претходниот беше минатата година.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.
Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.