Околу 200 функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид се повикани на информативен разговор во Специјалното јавно обвинителство. Според медиумите, се работи за истрага за финансирање на изборите во 2014 година.
Информацијата за Ohrid News ја потврди претседателот на Општинскиот комитет во Охрид, Љубен Арнаудов, кому исто така му пристигнала покана за распит. Арнаудов вели дека не знае која е причината.
Синоќа е свикана вонредна седница на Општинскиот комитет во Охрид, со цел – дефинирање на ставот на партијата во однос на случувањата поврзани со активностите на СЈО во Охрид.
Досега стотина членови на партијата од Штип, Крушево, Охрид, Кочани и Скопје се повикани во СЈО на распит за своите донации во паријата.
Ваквите случувања ги потврди и Антонио Милошоски на прес-конференцијата пред две недели.
„Членовите од тимот на Катица Јанева се служат со истите незаконски методи, со уцени и лажни ветувања, се убедуваат да ги натераат граѓаните да се дистанцираат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и да даваат искази“, изјави Милошоски.
Според Фактор во Охрид се подготвуваат протести од страна на членството на ВМРО-ДПМНЕ пред СВР Охрид.