• Latest

СЈО продолжува да работи неселективно, тоа го очекува и од Иванов

June 3, 2016
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

СЈО продолжува да работи неселективно, тоа го очекува и од Иванов

June 3, 2016 12:26
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното јавно обвинителство очекува претседателот Иванов да ги повлече сите аболиции, затоа што само на тој начин, се исполнуваат уставните и законски обврски и нема да има селективен пристап и селективна правда, истакна специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска, на денешната прес-конференција. 

 

Како што изјави Ристоска, СЈО се уште нема одговор од Иванов од каде има информации за осомничените лица во нивните постапки, иако веќе доставиле две барања, кон крајот на април и на почетокот на месец мај.

“Начелото на презумпција се почитува, но предистражните постапки не се прекинати. СЈО води седум истражни постапки во кои се опфатени 60 лица, a бројот на предистражните постапки постојано расте. Иако аболицијата ја отежнува работата на СЈО, сепак, ние продолжуваме со нашата работа”, информираше портпаролот на СЈО. “Од помилуваните во ‘Титаник’ не се повлечени аболициите за петмина, во ‘Тврдина’ за тројца, во ‘Тортура’ за шестмина, во „ТНТ’ за две лица, како и за две лица во случајот ‘Пуч’“, изјави Ристоска.

Сите лица за кои ќе се потврди дека сториле кривично дело, ќе одговараат кривично, но и материјално, односно ќе им биде одземен незаконски стекнатиот имот. Ристоска додаде дека дел од аболицираните кои се осомничени во случаите што ги покрена СЈО, преку своите адвокати побарале запирање на постапките, но Обвинителството ги продолжува  истрагите.

Во одговор на новинарско прашање поврзано со изборот на Мирослав Грчев, како вештак во случајот “ТНТ”, за уривање на објектот “Космос”, Ристоска појасни дека СЈО, го избрал Архитектонскиот факултет, како висок0образовна институција од каде одлучиле Грчев да биде надлежен за вештачењето.

DSC_0324

На новинарското прашање дали месечните примања на специјалните обвинители се од 2.000 до 3.000 евра, Ристоска одговори потврдно, објаснуваќи дека нивните примања се предвидени во Законот за СЈО, и не ја надминуват предвидената законска рамка што била изгласана во Собранието.

На прес-конференцијата, Ристоска одговараше и на прашања за случајот со заштитениот сведок Коста Крпач.

„Крпач, доброволно се јави да биде сведок на предистражна постапка, која се уште не е објавена во ова Обвинителство. До Јавното обвинителство Скопје, СЈО ги достави потребните информации кои потврдуваат дека Крпач добивал закани. Тоа не беше пријавено во МВР затоа што кога има лице кое бара заштита како заштитен сведок, тоа не се пријавува“, појасни Ристоска.

СЈО  изрази загриженост за неточности поврзани со нивното работење кои се објавуваат во некои од медиумите, и најави дека поради тоа, на нивната веб-страница ќе се објавува неделен преглед  на изјави кои ги дале по новинарски прашања. На овој начин СЈО ќе продолжи транспарентно да работи и навремено да ја известува јавноста за тоа.

 

 

 

 

 

Tags: аболицијаистрагаМакедонијаправдаСЈОтранспарентностЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ