Специјалното јавно обвинителство ќе поднесе жалба до Апелациониот суд за одлуките на Кривичниот суд, што не одреди ниту еден притвор за високи функционери на претходната власт. Тимот на Јанева најави дека се подготвуваат жалби за „благите’ мерки на судот. Процедурата предвидува дека откако СЈО ќе се жали на одлуката да нема притвор за ниту едно од 18 обвиненија, Апелација има рок од два дена да се изјасни
Иако СЈО бараше мерка притвор, сепак, Кривичниот суд не одредил притвор за поранешниот премиер, Никола Груевски и за неговите најблиски соработници, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Кирил Божиновски и Мартин Протуѓер, за ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков, ниту за поранешната министрка за култура Елизабета Канческа – Милевска, за поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски како и за функционерите на ДУИ, Исмет Гури и Ејуп Алими. Притвор нема ниту за новинарот Драган Павловиќ – Латас. Сите останаа без македонскиот, а дел од нив и без дипломатскиот пасош.