• Latest

Собранието го донесе Буџетот за 2023 година

December 23, 2022

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието го донесе Буџетот за 2023 година

December 23, 2022 17:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Северна Македонија, попладнево, со 56 гласови  „за“, 30 „воздржани“ и еден „против“ ги донесе Дополнетиот буџет за 2023 година, како и законот за негово извршување.

Власта и министерот за финансии Фатмир Бесими во тек на дебатата оценија дека Буџетот  е реален и развоен и оти ќе обезбеди поддршка за граѓаните и за стопанството, додека оценката на опозицијата, која како што најави гласаше воздржано, е дека  е преобемен и инфлаторен и оти со него ќе се зголеми дефицитот и јавниот долг.

Растот за догодина е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се на ниво од 282 милијарди денари, за 14,8 проценти повеќе во однос на минатогодишните, а расходите во износ од 324,8 милијарди денари, односно за 12,6 проценти повеќе во однос на лани. Буџетскиот дефицит, според пеокециите, ќе изнесува 4,6 проценти од планираниот БДП.

За капитални расходи со Буџетот се предвидени 48,9 милијарди денари, како и 250 милиони евра за надминување на предизвиците од глобалната енергетска и економска криза, како и средства за редовна исплата на платите и пензиите и за поддршка на фирмите и земјоделците.

Министерот Бесими пред гласањето за Буџетот се заблагодари на сите кои учествуваа во дебатата која според него дала резултати и посочи дека се прифатени неколку амандамни.

-Никогаш не сме рекле дека 2023 година ќе биде многу добра година, туку дека ќе биде тешка, како што беа 2022 и 2021 година, а предизвиците не престанаа, туку беа поголеми, рече Бесими и порача дека Буџетот гарантира дека во 2023 година ќе можеме да се соочуваме со предизвиците и да имаме  основа за економски раст.

Буџетот, посочи Бесими, предвидува фискална консолидација. Сме биле, посочи, и поконзервативни  во аспект на планирање како што 2022 година ќе ја завршиме со дефицит помал од  пет проценти, а не од 5,3 проценти  како што предвидуваме, со задолжување помало од 60 посто, односно од  58,4 проценти, а не 64  проценти како што предвидувавме, а сме доделиле повеќе средства, над 200 милиони евра за енергетската криза, за разлика од планираните  50 милиони.

-За следната година се планирани 240 милиони евра за справување со енергетската криза. Околу 800 милиони евра се за капитални инвестиции. При тоа 700 милиони евра се за финансирање на дефицитот, 850 милиони евра за стари задолжувања, при што ќе практикуваме модели за финансирање кои се со помал трошок, како што тоа беше пракса и оваа година, посочи министерот за финансии.

Во попладневниот дел од денешната дебата се обрати пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, според кого, се преоптимистички визиите дека ќе имаме зголемен развој следната година. Тој смета дека е добро,  како што рече, ако успееме да обезбедиме функционална стабилност и сите институции да немаат пречки околу обезбедување финансии.

Се осврна на најавите за реформи во јавната администрација и посочи дека поддржува такви активности и оти треба да се размисли да се намали бројот на министерствата и повеќето институциите кои функционираат за иста работа. Предлага конкретна рационализација на јавната администрација, а како конкретен пример го посочи  работењето на 32 економски директори во Клиничкиот центар. Администрацијата, како што рече, е гломазна, но многу малку платена.

Истакна и  дека е потребна финансиска дисциплина и намалувањето на сивата економија и повтори дека приоритет треба да да биде робусната борба против криминалот и корупцијата.

-Не може да функционира државата ако нема владеење на правото и не се јакнат институциите, рече Трајанов, кој побара Владата да предложи измени во повеќе закони и во Уставот за да се направи ревизија на работата на сите судии, но и на нивен реизбор.

Борислав Крмов од Левица, пак, забележа дека следната година државата ќе има најголем буџет кој не е развоне и оти нема да можеме да се справиме со јавниот долг кој веќе достигнува над девет милијарди евра.

-Имаме највисока инфлација во регионот. Владата не знае како да се справи со инфлаторниот бран, бидејќи државава има инфлација приближно на таа во Украина која е во војна, оцени Крмов.

Тој  забележува и на тоа дека во буџетот е најголем е приходот од ДДВ што, посочи, е показател дека и според тоа сме сиромашна земја.

-Нема никава разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во продолжувањето на даночната политика. Владата ќе земе пари од малите и средни претпријатија и со новата даночна реформа со данокот на добивка на малите и средни претпријатија, целата економија ја става во колапс. Оваа Влада е еден вид Робин Худ за богатите, рече Крмов, кој упати критики и дека има драстично намалување на парите за сузбивање на сиромаштијата.

Независниот пратеник Панчо Минов,  пак, се осврна на владините проекти и мерки и го истакна исполнувањето на ветувањето за исплата на регрес за годишен одмор, на студентскиот оброк, како резултат на законските измени, како и финансиската поддршка за ранливите категории, како и земјоделството.

Во 2023 година за капитални инвестиции се планирани 48,8 милијарди денари кои се за 51,8 проценти повеќе во однос на планот за 2022 година. Тие се за интензивирање на реализација на инфраструктурните проекти, односно за инвестициски вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството.

Со Буџетот за следната година се обезбедува 276,1 милијарда денари за редовна исплата на плати на вработените во јавниот сектор, навремена и редовна исплата на пензии, гарантиран минимален приход и останати социјални права, исплата на субвенции во земјоделството, поддршка на малите и средните претпријатија, поддршка и субвенционирање на иновативните активности, како и поддршка на енергетскиот сектор.

Средствата за стоки и услуги се на исто ниво како во 2022 година, поточно во износ од 23,6 милијарди денари, а со нив се обезбедува финансирање на зголемените трошоци за енергија и транспорт и непречено функционирање на институциите. Во Буџетот се обезбедени 144,9 милијарди денари за социјални трансфери, односно за исплата на пензии 75 милијарди денари, за надоместоци за социјална заштита 12,7 милијарди денари, за здравствена заштита 42,1 милијарда денари и 26,7 милијарди денари се трансфери до единиците на локалната самоуправа, коишто се зголемени за 1,2 милијарди денари. Триста и седумдесет милиони денари, пак се обезбедени и за субвенциониран студентски оброк за академската 2022-2023 година. Поради продолжување на кризата и за натамошна заштита на граѓаните и стопанството, во 2023 година се предвидени близу 14 милијарди денари за поддршка на граѓаните и компаниите.

За Дополнетниот буџет на пленарна седница се расправаше пет дена. Дополнетиот буџет беше доставен во Собранието откако Владата ги вгради прифатените амандмани од расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Ова е прв буџет донесен согласно Законот за буџети и според Владата, тој е насочен кон ублажување на последиците од енергетската криза и кон непречено финансирање на евроинтеграциите и со него се поставува основата за економско заздравување, забрзување на економскиот раст и за постепена фискална консолидација.

Tags: Буџет 2023властгласањеопозиција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ