• Latest
Фото. Х

Сочувство до иранскиот народ од лидери на голем број земји

May 20, 2024

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Сочувство до иранскиот народ од лидери на голем број земји

May 20, 2024 11:46
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото. Х

Фото. Х

Share on FacebookShare on Twitter

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој долго време се сметаше за потенцијален наследник на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, загина во хеликоптерска несреќа на планински терен во близина на границата со Азербејџан, соопштија официјални лица и државните медиуми. Во хеликоптерот се наоѓал и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и уште шестмина патници и членови на екипажот.

Ова се досегашните реакции од  државните лидери:

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изрази сочувство во име на Европската унија по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа.

– ЕУ го изразува своето искрено сочувство за смртта на претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Абдолахиан, како и другите членови на нивната делегација и екипажот во хеликоптерска несреќа, напиша Мишел на Х.

– Нашите мисли се со семејствата, додаде тој.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска исто така изрази сочувство за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, нагласувајќи дека Турција е солидарна со Иран.

Ердоган на платформата Х напиша дека се сеќава на Раиси со почит и благодарност, наведувајќи дека иранскиот претседател вложил напори за мир во Иран и во регионот.

„Турција стои со Иран во ова тешко време“, наведе Ердоган, нарекувајќи го Раиси „вреден колега и брат“.

И турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изрази сочувство на Техеран за смртта на претседателот Раиси и неговата придружба во хеликоптерската несреќа.

„За жал, веста за смртта на почитуваниот претседател и министер за надворешни работи длабоко не растажи. Ја споделуваме длабоката болка на пријателскиот и братскиот народ на Иран“, рече Фидан на заедничката прес-конференција со пакистанскиот колега во Исламабад.

Тој потсети дека веднаш по несреќата во северозападната иранска провинција Источен Азербејџан во неделата попладне, Турција ја мобилизираше сета можна опрема за да помогне во операциите за пребарување и спасување.

Сочувство за смртта на Раиси упати и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, а земјата ќе прогласи и ден на жалост.

Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед ал Нахајан, изјави дека неговата земја стои покрај Иран во овој тежок момент и изрази сочувство до иранската влада и народ.

Претседателот на Сирија, Башар ал Асад, исто така, изрази сочувство до владата и народот на Иран и ја потврди солидарноста на неговата земја со Иран и семејствата на жртвите.

Министерството за надворешни работи на Белорусија објави  дека смртта на Раиси е загуба, не само за иранското општество и дека тој бил вистински пријател на Белорусија.

Малезискиот премиер Анвар Ибрахим изрази искрено сочувство до народот на Иран по смртта на Раиси и Амир Абдолахиан.

Во објавата на X, тој напиша: „Длабоко сум тажен поради трагичната смрт на претседателот Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан и неколку други официјални лица на Исламската Република Иран“.

Ирачкиот премиер Шија ал-Судани изрази солидарност со иранскиот народ по смртта на Ебрахим Раиси.

„Со длабока тага и жалост ја примивме трагичната вест за смртта на претседателот на Исламската Република Иран, Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан и нивните придружници, како последица на несреќа во северен Иран“, наведе Ал Судани.

„Изразуваме искрено сочувство до врховниот лидер на Исламската Република Али Хамнеи и до нацијата на Иран, нејзината влада и народ. Ја изразуваме нашата солидарност со братскиот ирански народ и со претставниците на Исламската Република за време на оваа болна трагедија“, додаде ирачкиот премиер.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска испрати телеграма со сочувство до врховниот лидер на Иран, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, во врска со смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и други ирански функционери и членови на екипажот во хеликоптерска несреќа.

Путин изјави дека смртта на Раиси е „огромна трагедија“ што го снајде народот на Исламската Република Иран, додавајќи дека Раиси бил исклучителен политичар кој целиот свој живот го посветил на служење на својата земја и „вистински пријател на Русија“.

– Како вистински пријател на Русија, тој даде непроценлив личен придонес во развојот на добрососедските односи меѓу нашите земји, вложувајќи големи напори да ги доведе до ниво на стратешко партнерство, се наведува во телеграмата на Путин.

Во изјавата објавена на X, катарскиот емир напиша дека бара Божја „милост и прошка“ за сите што загинаа во хеликоптерската несреќа.

Шеикот Тамим исто така им посака „трпеливост и утеха“ на семејствата на загинатите.

„Ние му припаѓаме на Алах и кај него ќе се вратиме“, додаде тој.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска прогласи петдневна национална жалост поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој загина во хеликоптерска несреќа.

Хамнеи претходно изјави дека првиот потпретседател на Иран Мохамед Мохбер е одговорен за извршната власт и оти има рок од 50 дена за одржување претседателски избори.

Според Уставот, во случај на смрт на иранскиот претседател, првиот потпретседател ја презема функцијата шеф на државата во текот на 50-дневен преоден период до одржување на избори, што е предмет на одобрение од иранскиот врховен лидер, кој го има последниот збор во сите државни прашања.

Tags: Ебрахим Раисизагина иранскиот претседателИранхеликоптерска несреќа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ