• Latest

Солистички концерт на Ева Богоевска во Париз

August 30, 2018

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Солистички концерт на Ева Богоевска во Париз

August 30, 2018 11:28
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската виолинистка Ева Богоевска на 2 септември ќе одржи солистички концерт во Американската катедрала во Париз, која е реномирана адреса специјализирана за настапи на класична музика. 

Пијано соработник на концертот ќе биде македонската пијанистка Весна Ангелова-Христов, а на програмата ќе бидат застапени дела од Моцарт, Бетовен и Сен Санс.

Солистичкиот концерт на Богоевска во Париз се реализира со поддршка на Министерството за култура.

За време на престојот во Париз, македонските уметници ќе бидат примени и од македонската амбасадорка во Франција, Јадранка Чаушевска Димов.

Концертот на Богоевска во Париз следува по минатогодинешниот настап во Карнеги Хол во Њујорк каде настапи како првонаградена на Интернационален натпревар за класична музика и по концертот во театарот Марчело во Рим.

ева богоевска

 

Ева Богоевска е студент на Факултетот за музички уметности во класата на проф. Олег Кондратенко. Има освоено повеќе меѓународни награди како прво место на фестивалот Сан Ремо-Јуниор, Италија (2012), лауреат од прв степен на Меѓународниот фестивал за класична музика во Санкт Петербург, Русија (2014), Гранд при на Интернационалниот фестивал за класична уметност и култура во Ерусалим, Израел (2016) и прва награда на Интернационалниот натпревар за класична музика во Њујорк каде во нејзината категорија учествуваа над 200 натпреварувачи од светот.

ева богоевска

 

Има настапувано повеќе пати како солист со Македонската Филхармонија и со Националниот оркестар на Операта и Балетот во Хо Ши Мин, Виетнам. Како солист има настапувано и во Словачка, Малезија, Израел, Унгарија, Австрија, Чешка, Русија, Италија, Виетнам, САД и во Македонија. (МИА)

Tags: Ева БогоевскаконцертмузикаПариз
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ