• Latest

Советот на јавни обвинители назначува времен наследник на Зврлевски

August 29, 2017

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Советот на јавни обвинители назначува времен наследник на Зврлевски

August 29, 2017 11:40
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
На денешната седница на Советот на јавни обвинители треба да се назначи нов вршител на должноста Јавен обвинител, кој ќе го наследи на функцијата, разрешениот Марко Зврлевски, до именувањето на нов обвинител.

Претседателот на Советот, Петар Аневски, претходно најави дека на 29 август, за в.д. Републички јавен обвинител ќе биде избран обвинител од редот на постојните јавни обвинители во обвинителството, кој привремено ќе ја извршува функцијата до избор на нов јавен обвинител. Аневски посочи и дека во моментот, Зврлевски, кого Собранието на 17-ти август го разреши од должноста, го менува обвинителката Лилјана Спасевска.

Владата на Република Македонија на седницата одржана на 22 август, му предложи на Собранието да ја почне постапката за избор на нов државен јавен обвинител. Така, следниот понеделник во Собранието, меѓу првите точки за кои ќе расправаат пратениците по враќање од годишните одмори, е распишувањето на оглас за именување на нов Јавен обвинител, на местото на разрешениот Зврлевски. До крајот на таа постапка, на функцијата на Зврлевски ќе биде токму вршителот на должност од јавните обвинители, назначен со денешната одлука на Советот за јавни обвинители

Владата препорача дека новиот републички јавен обвинител треба активно да го владее македонскиот јазик, да е работоспособен и да има општа здравствена состојба, да е дипломиран правник со домашна или нострифицирана диплома од странство, да има положено правосуден испит и да има работно искуство од најмалку осум години со потврдени резултати на правни работи, а ако доаѓа од редовите на професорите, да има десетгодишно искуство во предавање на правен предмет од правосудната практика како редовен или вонреден професор.

Согласно  член 41 од Законот за јавно обвинителство, Собранието на Република Македонија по предлог на Владата, го огласува именувањето на јавниот обвинител во „Службен весник на Република Македонија” и во најмалку два дневни весника од кои еден од весниците што се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик. Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од објавување на огласот во „Службен весник”. Советот на јавни обвинители, пак, има рок од 15 дена од денот на прием на документите да даде позитивно или негативно мислење за сите пријавени кандидати.

Потоа, постапката продолжува во Владата која на седница ги разгледува кандидатурите, вклучително и мислењето од Советот на јавни обвинители и треба да донесе одлука за еден од кандидатите за кој претходно постои позитивно мислење од Советот. Донесената одлука оди во Собрание како Предлог решение, а истовремено, се доставува и мислењето на Советот на јавни обвинители. За именување на јавен обвинител Собранието одлучува со просто мнозинство од 61 глас.

Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години со право на повторно именување.

 

Tags: владаименувањеМарко ЗврлевскиОсновно јавно обвинителствоСобраниеСовет на јавни обвинители
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ