Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по работната средба помеѓу ЦИВИЛ – Центар за слобода и МВР, изјави дека двете страни имаат извонредна соработка, за која што впрочем сведочи и меморандумот за соработка, која отвори широка нормативна рамка за превентивно делување на многу полиња од заеднички интерес.
Главните теми на работната средба беа насилниот екстремизам и тероризам како глобален проблем, поврзан со говорот на омраза, негово интензивирање пред претстојниот референдум, како и решенијата за тој проблем.
Спасовски посочи дека на средбата се разговарало за потенцијалите на говорот на омраза, кој што во јавниот простор егзистира поинтезивно последниве три-четири години, како можен генератор на насилниот екстремизам, но исто така и за активностите на МВР кој што будно ги следат состојбите во овој домен и реагира согласно законските надлежности и обврски на секоја од пријавите.
„Разговаравме и за престојното граѓанско референдумско изјаснување, и важноста за обезбедување на споекоен цивилизиран амбиент, ослободен од секаков вид на закани или омраза, што би можеле да реперкуираат со последици по правото и слободната волја на секој наш граѓанин при престојното изјаснување“, додаде министерот Спасовски.
Ангела Петровска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Маја Ивановска