• Latest

Спасовски: Оставам наследство кое ќе служи како солидна основа за идните успеси

January 29, 2024
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Спасовски: Оставам наследство кое ќе служи како солидна основа за идните успеси

January 29, 2024 09:40
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Затворајќи го ова поглавје, сметам дека оставам наследство кое ќе служи како солидна основа за идните успеси, објави на неговиот фејсбук профил поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Мојот мандат во МВР беше период на интензивни промени, силни реформи и неуморна посветеност кон безбедноста на граѓаните. МВР го засили својот капацитет за борба против криминалот, корупцијата и незаконитоста. Воведовме нови стандарди и опрема во полициското работење, што значително ја подобри ефикасноста и транспарентноста на оваа институција. Овие напори резултираа со повисок степен на безбедност и доверба од страна на јавноста, наведува Спасовски.

Во 2015 година, додава тој, го затекнал Министерството како високопартизирано и криминализирано, коешто злоупотребувало човекови права, прислушувало над 22.000 граѓани, министерство кое што криело убиства, како она на Мартин Нешковски од страна на обезбедувањето на Груевски.

-Ќе ја спомнам „Вистината за Македонија“ која што ја објавивме низ разговорите, ќе потсетам за долгот од 40 милиони евра, ќе спомнам за субстандардните услови за работа на полициските службеници во најзатворената од заробените институции во државата. Ќе спомнам за историски најниското ниво на доверба кај граѓаните. Денеска, Министерството за внатрешни работи е една од трите најтранспарентни институции, со доверба кај граѓаните над 65 проценти, со статистика која говори за постојано намалување на вкупниот криминалитет и зголемување на ефикасноста. Така, 2023 година ја завршивме како година во која што имаме 8 проценти намалување на вкупниот криминалитет во споредба со 2022 година и за 4 проценти зголемување на ефикасноста. Имаме министерство коешто се состои од исклучително подготвен Оддел за специјални полициски операции и коешто успеа целосно да го обнови и консолидира Одделот за воздухопловни единици – за првпат воведовме можности за гаснење пожари од страна полициските воздухоплови, за првпат успеавме да поставиме систем за медицински транспорт со Медикоптер, посочува поранешниот министер Спасовски.

Тој се осврнува и на активностите за унапредување на капацитетите на МВР, на работните услови и платите на вработените во Министерството.

– Успеавме да реконструираме 80 објекти со 17 милиони евра, да изградиме нов ИКТ центар со комплетна информатичка инфраструктура, да го смениме системот којшто бил од осумдесеттите години. Да изградиме најсовремена форензичка лабораторија, да градиме нова полициска станица во Аеродром, да започнеме реконструкција на целиот систем на управни служби во објектот на МРТВ, со инвестирани 13 милиони евра да набавиме униформи и опрема. Успеавме да ја зголемиме платата на вработените за 35 проценти, да исплатиме 6 бонус плати. Покажавме како задоволна полиција може да испорача врвни резултати, наведува Спасовски.

Тој го подвлекува и значењето на соработката на меѓународно ниво во контекст на неговиот досегашен мандат како министер за внатрешни работи.

-Потпишувањето на Договорот со европската агенција ФРОНТЕКС, изразената доверба за организација на 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ во Охрид и 30. Самит на ОБСЕ во Скопје, зајакнувањето на врските со меѓународните партнери и релевантни организации покажа дека Република Северна Македонија е одговорен и посветен партнер во глобалните напори за стабилност и сигурност. Така, според Глобалниот индекс за мир Република Северна Македонија е прогласена за најбезбедна земја на Балканот, во друштво на 40-те најбезбедни во светот. Затворајќи го ова поглавје, сметам дека оставам наследство кое ќе служи како солидна основа за идните успеси. Ви благодарам за можноста да докажеме дека концептот „МВР за Граѓаните” е успешен, пишува Спасовски во објавата.

Функцијата министер за внатрешни работи ја извршуваше од 11.11.2015 до 18.5.2016 година и во период од 2.9.2016 до 28.12.2016 година во Владата што требаше да обезбеди услови за спроведување фер и демократски избори, како и во периодот од 31.5.2017 до 3.1.2020 година. На 3.1.2020 година е избран за претседател на техничката Влада на Република Северна Македонија. Од 31.08. 2020 повторно беше на чело на Министерството за внатрешни работи заклучно со вчерашниот избор на техничката Влада.

Tags: МВРСпасовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ