• Latest

Спасовски: Полицијата не смее да ги заплашува граѓаните!

February 19, 2016
Фотоколаж: Скриншот од видео на Индипендент

Исланд, тие ме сакаа, ме викаа „тато“ – Трамп неколку пати го помеша Гренланд со Исланд

January 21, 2026

Топлина за Украина – Заедничка кампања за солидарност

January 21, 2026

Локални избори 2025: Ненаучени лекции – сега и во печатена форма по промоцијата на дигиталното издание во декември

January 21, 2026

Одборот за мир на Трамп: Нов глобален арбитер или паралелна замена за ОН?

January 21, 2026
НИС ПЕТРОЛ  Прво се продаде колосот а потоа излезе дека се продадени и многу други нешта како што се бензинските пумпи, хотелите, изворите на нафта...

Унгарската МОЛ ја презема контролата над српската НИС во договор со Газпром

January 21, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Постизборен период – Приговори, граѓански сведоштва и окончување на механизмите за одговорност (10)

January 21, 2026
Скриншот од видео на POPULAR FRONT
/Х

Флотата во сенка во фокусот на новите санкции на ЕУ против Русија

January 21, 2026
Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

January 20, 2026

Зад фасадата на „реформите“: Иран меѓу репресија и регионална ескалација

January 20, 2026
Илустрација ВИ

Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

January 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Топлина за Украина – Заедничка кампања за солидарност

    Локални избори 2025: Ненаучени лекции – сега и во печатена форма по промоцијата на дигиталното издание во декември

    НИС ПЕТРОЛ  Прво се продаде колосот а потоа излезе дека се продадени и многу други нешта како што се бензинските пумпи, хотелите, изворите на нафта...

    Унгарската МОЛ ја презема контролата над српската НИС во договор со Газпром

    Скриншот од видео на POPULAR FRONT
/Х

    Флотата во сенка во фокусот на новите санкции на ЕУ против Русија

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: При температура од -15 °C, Кремљ продолжува да води геноцидна војна против жени, деца и стари лица

    Публиката извикува „оставете го Гренланд на мира“ за време на американската химна. Скриншот од YouTube reel/@crimlawuk

    (ВИДЕО) Навивач извика „оставете го Гренланд на мир“ за време на американската химна на НБА натпревар во Лондон

    Фото: Берни Сандерс/Х

    Сандерс: Ако Трамп го присвои Гренланд, дали Американците ќе имаат бесплатно здравство, бесплатно високо образование, платено родителско отсуство и платен одмор?

    „Дивото племе треба да се чисти“ – говор на омраза по објавата на Лога за дискриминација на Албанците во Шумска полиција

    Њујорк Тајмс: Трамп го турка трансатлантското сојузништво кон криза

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

    Точно на пладне: Лидерска средба на иницијатива на Мицкоски за првпат без главната опозициска партија

    Лидерска средба на Мицкоски: Консензус на хартија, криза во реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

    Поради маглата има откажани и летови што се реализираат со задоцнување во аеродромот во Скопје

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    Ignorantia ante portas

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Креирано со помош на ВИ

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

    Проф. Оливие Ведрин (фото извор: LinkedIn профил на Авторот)

    Патување во Берлин

    Креирано со помош на ВИ

    Убиствата на демонстранти на протестите во Иран неинтересни за ОН и Грета Турнберг – освен ако не се инволвирани Израел и САД

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home Uncategorized

Спасовски: Полицијата не смее да ги заплашува граѓаните!

February 19, 2016 13:26
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Со цел да придонесе кон политичкиот дијалог во општеството во пресрет на вонредните избори во 2016 година, ЦИВИЛ – Центар за слобода започна со серија интервјуа со членови на Владата. Во рамките на тие активности, во вториот круг интервјуа  со министри, екипата на ЦИВИЛ Медиа по втор пат разговараше со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=YzZUV1OLAVs[/youtube]

ЦИВИЛ Медиа: Неодамна објавивте дека биле пронајдени, направени 35.000 лични карти кои што чекале да бидат подигнати. Колку од тие лични карти се подигнати, а колку успеавте да задржите?

СПАСОВСКИ: Од самиот почеток, од доаѓањето во Министерството за внатрешни работи, по спроведените одредени интерни истраги, споделивме со јавноста дека се правени лични документи, лични  карти, спротивно од одредбите во законот. 35.000 лични карти кои се најдени и кои беа дел од “Титаник” – акцијата која ја спроведува СЈО, се лични карти кои што се направени, но не се подигнати. Практично, се водат во канцеларија, како неиздадени лични документи. Во тој дел немаат правен статус и не можат да бидат во правен промет. Ова е дел од истрагите кои ги води СЈО, сите детали од овој случај јас не би можел да ги образложам, од разбирливи причини, бидејќи истрагата тоа не го дозволува.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали како министер за внатрешни работи, имате целосна контрола врз Министерството?

DSCN5201

СПАСОВСКИ: По доаѓањето во МВР, реков дека ќе дадам шанса на професионалните кадри кои се во Министерството, сé со цел, низ одредени позиции кои ги имаат, да и помогнат пред сé на Република Македонија, да помогнат да се врати довербата на граѓаните во ова Министерство. Нормално е дека има опструкции и ќе има, со оглед на тоа дека премногу е партизирана оваа институција. Затоа, врвен приоритет кој не може да се реализира за месец – два или за краток временски период, треба да биде департизација, деполитизација и декриминализација на оваа институција. Има многу професионалци, има многу луѓе кои помагаат и го сфаќаат овој момент, значаен за Македонија и за иднината. Постојат одредени луѓе кои се однесуваат малку поинаку, кои се обидуваат со одредени начини за опструкција, меѓутоа, јас и мојот тим работиме напорно, за да ги реализираме задачите и целите кои се исправени пред нас. Тоа значи, да имаме добра работа во Министерството, сé со цел да ги остваруваме интересите на граѓаните, она за што всушност постои МВР.

ЦИВИЛ Медиа: ЦИВИЛ – Центар за слобода, објави информации за партиски иницирани притисоци од службеници на полицијата. Дали сте запознаени со овие информации, и што Министерството презема по ова прашање?

СПАСОВСКИ: Не само преку ЦИВИЛ, ние имавме прилика и преку проектот “Вистината за Македонија”, да слушнеме како МВР, или како други министерства и државни институции, се однесуваа во изборниот процес, и како вршеле притисок врз граѓаните. Не би сакал да се повторуваме, за тоа како беше нарекувано МВР во тој период, и како било ставено во функција на политичките партии на власт, на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Тоа е нешто што треба да  е поука за сите нас. Мој став е дека МВР  мора да биде министерство на Република Македонија, кое ќе ги оствари интересите на граѓаните. Бидејќи, освен на граѓаните, кои го финансираат ова министерство, и освен граѓаните кои преку даноци му дават плата на вработените, ниеден полицаец не му должи на никој друг. Секако дека правеле притисоци, секако дека постојат одредени структури, партиски инсталации во Министерството, кои и сега сакаат да прават одредени злоупотреби на полицијата. Имавме ние некои најави дека во СВР Охрид, во СВР Битола, новопримените полицајци, кои се сега практиканти, биле злоупотребувани, биле терани во одреден момент, да завршат одредени партиски работи. Реагиравме веднаш преку Внатрешната контрола и укажавме дека полицијата треба да ја врши работата одредена со закон, и дека полицијата не треба да ги плаши граѓаните, туку напротив, работата на полицијата е да ги штити интересите и безбедноста на граѓаните.

Упатувам порака дека секој припадник на МВР мора да се држи строго и професионално до законите и да не подлегнува на било кој партиски притисок од било која политичка партија. Бидејќи потврда за таквото однесување ќе биде санкционирана и треба да се казни, а за тоа нема да имам дилема. Ако било кој припадник  на МВР врз основа на овластувањата кои ги има  во полицијата, спроведува партиски интереси, тогаш имаме проблем сите ние, и има проблем државата. И на тој начин се губи довербата во државата, особено во МВР.

DSCN5203

ЦИВИЛ Медиа: Заканите упатени кон новинарите и граѓанските активисти, продолжуваат. Што презема Министерството за гарантирање на личната безбедност на сите граѓани?

СПАСОВСКИ: Прво, врвен приоритет на МВР е задачата да ги штити граѓаните и да обезбеди сигурност и безбедност на граѓаните, без разлика на која позиција се и без разлика која професија ја работат. Факт е дека во изминатиот период имаше премногу напади, пред сé, вербални, врз новинари и медиумски куќи. Заради тоа е потребно да се регулира медиумскиот простор, затоа е потребно да има системско решение, во кое што новинарите ќе ги ослободат, слободно да си ја вршат својата работа, медиумите ќе ги ослободат од притисокот што им го прават и власта или одредени влијателни кругови во државата, со тоа да остварат некаква лична цел, поединечен интерес… Имајќи предвид  дека медиумите креираат јавно мислење и се од национален интерес, пред сé, треба да водат сметка за интересите на граѓаните, да знаат дека преку остварување на нивната заложба, директно учествуваат во демократизација на општеството.

Ние сериозно работиме на овој план, да се расчистат и другите случаи на напади врз новинари, работиме и веќе во одредени состојби се константирани нападите и нивните извршители. За одредени напади сé уште се работи, бидејќи поминал подолг временски период и има одредени пропусти. Како и да е, МВР во овој момент е подготвено да обезбеди заштита на било кого во Македонија, кој се соочува со одредени напади, сериозни. А воедно, сакам да апелирам до граѓаните, да ги остават медиумските куќи и новинарите слободно да си ја извршуваат својата функција. Пред сé, треба секој од граѓаните, да знае и да води сметка, посебно јавните личности, дека подлежат и на критики и на пофалби, и тоа е основно демократско начело. За тоа како ќе се однесувате во јавноста, нема можност да ви биде виновен ни било кој новинар, ни било која медиумска куќа. Мора сите заедно, и граѓаните, да и помогнат на полицијата, за да можеме  да ги реализираме активностите, меѓутоа и полицијата треба да реагира соодветно, за да остави впечаток дека го остварува интересот на граѓаните.

Марија Теговска

Камера и фотографија: Атанас Петровски и Никола Угриновски

Монтажа: Никола Угриновски

ЦИВИЛ – Центар за слобода во вториот круг на интервјуа со актуелните министри, им се обрати на четири министри во Владата на кои им се постават прашања од доменот на нивната работа. Интервјуa побаравме од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски, министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и од вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими. Во вториот криг, со министерката Ташевска – Ременски разговаравме на 10 февруари, со министерот Цветков на 17 февруари, а со министерот Спасовски на 18 февруари. Од вицепремиерот Бесими сé уште чекаме потврда за да се изведе интервјуто.

Tags: МВРМедиуминовинарипартизацијапартиски притисоциполицијаЦивил – Центар за слобода
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на
Hindustan Times

    Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Трета руско-чеченска војна во најава?

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Битни се парите, а не судијата

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ