• Latest

Спасовски: Северна Македонија е подготвена за преземање на улогата на набљудувач во Европската миграциска мрежа

December 14, 2022

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Спасовски: Северна Македонија е подготвена за преземање на улогата на набљудувач во Европската миграциска мрежа

December 14, 2022 13:09
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија, како и повеќето европски земји се изложени на зголемена миграција во рамките на процесот на глобализација и имајќи ги предвид миграциските текови и нивното влијание врз демографскиот и социо-економскиот развој, се обидуваме на систематски начин да се вклучиме во европскиот глобален пристап за справување со миграциите и нивните предизвици, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во онлајн обраќањето на состанокот на Европската мрежа за миграција.

– Во таа насока, задоволство ми е во овој момент да ја изразам подготвеноста на Република Северна Македонија за преземање на улогата на набљудувач во рамките на Европската миграциска мрежа, истакна Спасовски, потсетувајќи дека Северна Македонија беше првата земја на удар од мигрантската криза во 2015-та година.

Сепак, како што истакна министерот, иако сме мала држава, со ограничени ресурси и капацитети, цврсто застанавме на браникот, успешно ја менаџиравме кризата и со тоа придонесовме за зачувувањето на благосостојбата не само на нашите граѓани, туку и на целото европско тло.

– Нашите заложби во тој момент, па би рекол и до денешен ден, се препознаени и истакнати, како од Европската унија, така и од бројни меѓународни организации. Сепак, ние сме спремни, стоиме на располагање да го споделиме нашето искуство со Вас, сé со една и единствена цел- креирање на успешна миграциска политика, на ниво не само на Европската Унија, туку на ниво на целиот Европски континент, рече Спасовски.

Тој посочи дека земјава посветено работи и на изготвување на низа стратешки документи.

– Тука ќе ја споменам Резолуцијата за миграциска политика 2021-2026 со соодветен Акциски план, што претставува главен стратешки документ во областа на миграцијата. Исто така, изготвивме и Миграциски профил на Република Северна Македонија во кој се претставени релевантни статистички податоци за легалните и илегалните надворешни миграции и внатрешните миграции, како и нивна анализа врз основа на која се согледани трендовите во последната деценија. Уверен сум дека овие податоци ќе бидат од големо значење општо за целата миграциска слика во Европа, имајќи го предвид фактот дека Западен Балкан, посебно Република Северна Македонија има исклучително специфична положба кога станува збор за западнобалканската рута, нагласи Спасовски.

На крајот од состанокот, министерот Спасовски потенцираше дека барањето за приклучување кон Европската мрежа за миграција не претставува почеток на соработката, туку формализација на заедничкото работење, со оглед на тоа што веќе долго време се работи партнерски и се делат заеднички принципи, за кои говорат резултатите кои се постигнати.

Tags: Европската миграциска мрежаМВРОливер Спасовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ