Правната анализа „Спроведување на одлуките на Европскиот суд за човековите права во периодот 2013-2016“, која е дел од едицијата „Реформите наспроти правата“, денеска ќе биде промовирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Анализата, од една страна, има за цел да го заокружи прегледот на одлуките на Европскиот суд за човековите права (ЕСЧП) кои се однесуваат на Македонија, низ призмата на нивното извршување, а од друга страна има за цел да ги исцрта развојните трендови поврзани со постапувањето пред ЕСЧП.
На промоцијата ќе се обратат професорката на Правниот факултет и член на Управниот одбор на ФООМ Гордана Лажетиќ Бужаровска, како и авторите на анализата Мирјана Најчевска и Сашко Тодоровски и соработникот на анализата Дарко Павловски.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.