• Latest

СПЦ ја призна МПЦ-ОА, отворени врати на Алијансата, украинската војска стигна до Русија

May 16, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

СПЦ ја призна МПЦ-ОА, отворени врати на Алијансата, украинската војска стигна до Русија

May 16, 2022 16:24
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

И покрај прогласувањето на канонско единство од Соборот на СПЦ, МПЦ-ОА не планира одржување на заедничка света архиерејска литургија

Соборот на Српската православна црква денеска одобри канонско единство со МПЦ-ОА, со што, како што објавуваат српските медиуми, „решен е спорот што датира од 1967 година кога Македонска православна црква се одвои од СПЦ“.

На вториот ден од седницата на Соборот, СПЦ објави соопштение во кое наведува дека го „поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност на МПЦ, доделен во 1959 година“.

СПЦ уште нагласува и дека во дијалогот за идниот и евентуално конечен канонски статус на МПЦ-ОА, Српската православна црква „ќе се води само и исклучиво од еклисиолошко-канонски и црковно-пасторални принципи, критериуми и норми, не грижејќи се за „реалполитички“, „геополитички“, „црковнополитички“ и други слични работи или за еднострани иницијативи и не потпаѓајќи под ничие влијание или притисок“.

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија не добила покана и не планира одржување заедничка света архиерејска литургија меѓу великодостојниците на нашата и на Српската православна црква на крајот на годишниот Собор на СПЦ, што започна вчера во Сремски Карловци, а чиј работен дел во наредниве седум дена продолжува во Белград.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Во регионот Харков, украинските бранители на еден од баталјоните за територијална одбрана ја потиснаа руската војска и стигнаа до дел од државната граница меѓу Украина и Русија, пренесува Укринформ.
„227-от баталјон на 127-та бригада на силите за територијална одбрана на вооружените сили на Украина од градот Харков ги потисна Русите и стигна до дел од државната граница“, објави Министерството за одбрана на Украина на Фејсбук.

*

Затворениците во (СИЗО – Сле́дственный изоля́тор) – истражниот затвор во градот Херсон се побунија. Побуната беше задушена од руските окупаторски трупи. Едно лице загина, според РИА Новости, изјави украинскиот народен правобранител Људмила Денисова. Затворениците се побуниле во притворот и се обиделе да побегнат.

*

Унгарската влада инсистира на тоа дека Унгарците нема да ја плаќаат цената на војната во Украина, изјави синоќа министерот за надворешни работи Петер Сијарто. Сијарто за локален медиум изјави дека Унгарците на никаков начин не се виновни за избувнувањето на војната во Украина, па доколку Европската комисија има намера да воведе ембарго на руската нафта, мора да гарантира дека тоа нема да влијае на Унгарците или на унгарската енергетска безбедност.

*

Денешните руски ракетни напади врз регионот Лавов, гранатирањето на Хулјаиполе, Северодонецк, Лисичанск, градовите и заедниците на регионот Доњецк – сета оваа бруталност на окупаторите, која Украина ја доживува секој ден, само ќе доведе до фактот дека руските преживеани војници ќе го вратат ова зло во Русија. Ќе го вратат затоа што ќе се повлечат. Така ќе заврши целата трескавична активност на руската војска што ја гледаме сега. И јас сум им благодарен на сите Украинци кои го приближуваат овој пат, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

ИЗЈАВИ

Петровска: Ја поддржуваме политиката на отворени врати на Алијансата

„Ставот на Република Северна Македонија, како најнова членка на НАТО Алијансата во однос на проширувањето е јасен, а тоа е дека ја поддржуваме политиката на отворени врати на Алијансата. Тоа значи дека секогаш кога некоја земја ќе изрази прво волја да стане членка на Алијансата, ние тоа го прифаќаме, но треба да се следи процесот на нејзино пристапување и во оној момент кога земјата ќе ги исполни условите да биде земја – членка на Алијансата, е добредојдена“, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Претседателот Стево Пендаровски, по повод 16 Мај, Денот на отпорот на Ромитe, на својот Фејсбук профил напиша: Овој датум нè потсетува дека нема простор за кршење на човековите права, антициганизмот, дискриминацијата. Наша одговорност е да создаваме современи општества промовирајќи ги човековите слободи и права, хуманоста и меѓусебното почитување.

ВЕЖБА Денеска во Полициски центар „Ѓорче Петров”, касарната „Илинден” и амбасадата на САД беше изведена оперативно-тактичка вежба од страна на МВР, во координација со амбасадата на САД, а во присуство на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, амбасадорката на САД во земјава, Н. Е. Кејт Мари Брнз, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и началникот на Одделот за специјални полициски операции, Бранко Трајановски.

ИСТРАЖУВАЊЕ Премиерот Димитар Ковачевски учествуваше и на панел дискусијата што се одржа во рамките на презентацијата и промоцијата на истражувањето „Социо-политичкото учество на младите“ во организација на Фондацијата за демократија Вестминстер и ТИМ институтот, информираат од прес службата на Владата.

ПОСЕТА Претседателот на Собранието Талат Џафери, координатори на пратеничките групи, генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, собраниски службеници, како и претставници од НДИ од денеска до четврток (19 мај) ќе бидат во студиска посета на германскиот Бундестаг во Берлин.

ЕДИТОРИЈАЛ

Ја читам (тоа ми е работа) анализата од мониторинг тимот на Цивил за директорката на една приватна високообразовна установа во Скопје, во која се анализира нејзината активност на социјалните мрежи. Од приложеното, се гледа дека таа е вреден проруски пропаганден „пешадинец“, но не се воздржува ни од заканувачки коментари. Се заканува дека „ќе полнат зандани“.

Не кажува точно кои се тие со кои ќе се наполнат занданите, но во долгите години проруска пропаганда во земјава научивме кои можат да бидат тие. Знаеме дека заканата им е упатена на сите што ќе се најдат на црната листа со која се закани рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, а потоа и руската амбасада во Скопје, во првите денови од бруталната агресија на Русија врз Украина. Имаше само еден одговор што може да се даде на таа закана од руската машинерија: чест е да се биде на црната листа на злосторниците“, Џабир Дерала во денешниот едиторијал „Руската пропагандна пешадија заглавена во калта“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„И повторно во опозицијата сѐ се врти околу кариерата на професорот Мицкоски! Единствената негова јасна политика се инсистирањето на предвремени избори, но јавноста и сега не знае дали тој, самиот, ќе излезе (и каде) како кандидат на изборните ливчиња, па дури ни тоа дали има намера, евентуално, да биде идниот македонски премиер?“, пишува Сашо Орданоски во „Аутопсија на еден „активен бојкот“

„Културата е како ѕидање на ѕид, кој ќе биде потпора на целото општество и негов основен белег за сите времиња што доаѓаат. За да биде ѕидот цврст во него се вградуваат камени темелници за да го држат“, пишува Војо Маневски во „Темелници“.

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ