• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Спутник опозиција

December 18, 2023

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Спутник опозиција

December 18, 2023 10:26
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Спутник е руски збор за сателит, и кога се толкува во астрономски контекст, и воопшто, спутник е општоприфатен термин во рускиот јазик за вештачките сателити на која било земја и природните сателити околу која било планета.

Следствено на тоа, Спутник 1 (/ˈspʌtnɪk, ˈspʊtnɪk/, руски: Спутник-1, Сателит 1) бил именуван првиот вештачки сателит на Земјата, лансиран во елиптична ниска земјина орбита од страна на Советскиот Сојуз на 4 октомври 1957 година како дел од советската вселенска програма. Испратил радио сигнал назад на Земјата три недели пред да се потрошат неговите батерии, по што на 4 јануари 1958 година, по три месеци во орбитата, Спутник 1 изгорел при паѓањето низ атмосферата на Земјата.

Втората употреба на зборот Спутник, според која е и најпознат кај широките маси на овие простори,  е  името на руската државна новинска агенција и радио сервис, основана од руската владина новинска агенција Rossiya Segodnya на 10 ноември 2014 година, денес познак како еден од најголемите пропагатори на руската пропаганда и дезинформации.

Паралелите со Спутник и македонската опозиција, вклучително и од неа контролираните делови од македонските медиуми веќе ги добиваат очигледните контури.

На Самитот на ЕУ во четвртокот во Брисел, лидерите на земјите членки ( со исклучок на про-рускиот хрт Орбанов) донесоа историска одлука Украина и Молдавија да добијат пристапни преговори за членство во Унијата. Одлуката е за поздравување, а на двете земји треба да им се честита, го искористија моментумот.

Северна Македонија, за жал, не го искористи својот моментум на кој повикуваа европските пријатели. И наместо овој Самит да биде повод за славење и кај нас, за продолжување со отворањето на поглавјата од сите кластери од преговорите со ЕУ и за продолжување на нашиот евроинтеграциски пат, благодарение на нашата спутник – опозиција, останавме да орбитираме околу Унијата, за на крај, неминовно, или да бидеме исфрлени од орбитата кон некои далечни и темни катчиња на Универзумот, или како истрошен сателит, да согориме во атмосферата и едноставно да не снема.

Домашнава спутник – опозиција, намерно и/или (не)намерно, но секако во корист на своите тесногради интереси, како по ноти ја (од)игра сателитската улога на кочничар на македонските евроинтеграции, одговарајќи во повратна насока на сигналите добиени од нарачателот, оневозможувајќи приклучок на земјава кон демократското, прогресивно европско семејство и притоа држејќи во заложништво 2 милиони граѓанки и граѓани, желни за напредок и просперитет.

На ова му кумуваат разноразни МАНУ-лачи, катеблажевски, недоухлебени опортунисти насобрани околу еден поранешен министер со шарени чорапи, здружени во патриоско-евро-атлантско-скептична братија, гракаат и со широко отворена клоака поганат сè под нив закачени со канџите за соголените гранки на квазипатриотизмот, во обид да ја обвинат ЕУ, избегнувајќи да се соочат и да го посочат вистинскиот блокатор на евроинтегративниот процес на земјава, домашната спутник-опозиција по диктат на познатиот нарачател од Црвениот плоштад во Москва.

Еден сегмент од неа (помалиот) и не само што не крие, туку се гордее на својата улога на уништувач на македонските евроаспирации, горд на својата сателитска улога во исполнувањето на нарачките од „великиот руски брат“. За истите заслуги беше пофалена од рускиот амбасадор во земјава.

Вториот, поголемиот ( по бројност на членство и пратеници) сегмент, само невешто ја прикрива поврзаноста со истиот нарачател. Но со своето деструктивно делување, тоа го докажува на терен. Со блокирање на сите прогресивни обиди за делување кон исполнување на партнерската улога на како земја членка на НАТО ( за чие членство спутник- опозицијата исто така имаше негативен (за среќа неуспешен) импакт, како и  на започнатото исполнување на доделените задачи за приближување кон преговорите за членство во ЕУ.

При неодамнешниот престој во Естонија, која е членка на ЕУ и НАТО, и се наоѓа на границата со Русија, додека во државата има над 20 % руско говорно население, од разговорите со Генералниот секретар на  Министерството за надворешни работи, Јoнатан Всевиов и со  раководител на Одделот за меѓународна соработка во Министерството за одбрана,Петер Куимет, ми остави впечаток и ме изненади сознанието дека и во таква констелација, естонската позиција и опозиција, кога се работи за стратешките интереси на државата, делуваат единствено, и одлуките во Парламентот кои се однесуваат за иднината на земјата, ги усвојуваат едногласно. И така ги исползуваат придобивките од членството во ЕУ и НАТО за натамошен развој и просперитет на Естонија.

Кај нас така едногласно делуваа лево-десната спутник опозиција, негирајќи ги придобивките од членството во Алијансата, и спротивставувајќи се на членство во ЕУ, на голема радост на Москва. Знае Путин дека додека ги има овие сателити на располагање, во Македонија ќе има верен поддржувач и спорведувач на неговите деструктиви, недемократски, антизападни политики.

А за да не дојде ни до најмало отклонување на овие „спутници“ од проруската орбита во која се лансирани, тука се проруски настроените македонски медиуми, кои , забранетиот за емитување Спутник ( и нему слични руски пропагандни канали), на сите можни начини ги пренесуваат неговите радио сигнали, споделувајќи ги содржините со руски пропаганден наратив,  преполни со дезинформации и лажно наведување до таргет групите и приврзаниците на спутник-опозициските партии.

Tags: ВМРО-ДПМНЕЕУинтеграцииЛевицамакедонски проруски медиумипроруска опозицијаСпутник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ