• Latest

Специјализанти: НЕ – за понижувањата и за деградирањето на белите манитили!

February 10, 2016
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Специјализанти: НЕ – за понижувањата и за деградирањето на белите манитили!

February 10, 2016 15:38
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Над 150 лекари специјализанти и идни специјализанти денеска излегоа на мирен протест пред Министерството за здравство за да го изразат својот револт против игнорантскиот однос на здравствените власти кон нивните проблеми, кои тие им ги доставија преку петиција, потпишана од 350 специјализанти на 15 ноември минатата година.

Со транспаренти „Тодоров не е Велики брат!“, „Германијо, чекај ме, доаѓам“, „Не – за лихварски договор“, специјализантите побараа од министерот за здравство Никола Тодоров, итно решавање на напластените проблеми кои влијаат врз нивниот живот, принудувајќи ги да се откажуваат од специјализациите и да стагнираат во кариерите.

Во име на сите специјализанти на Медицинскиот факултет, д-р Биљана Додева, специјализант на приватна специјализација на психијатрија, изјави: „Тука сме да кажеме – НЕ, за неколку работи. НЕ – за снимање на нашите испити и пренесување во живо на интернет, НЕ – за работа без плата, без здравствено и без пензиско осигурување, НЕ – за лихварски договори и меници над 60.000 евра, НЕ – за бесплатни дежурства, НЕ – за дискриминација по однос на болест и дискриминација по однос на мајчинство… Тука сме да кажеме едно големо НЕ – за понижувањето на лекарската фела и НЕ – за понижувањето и јавното деградирање на  белиот мантил“.

Протест на специјализанти
Протест на специјализанти

Специјализантите нагласија дека се работи за проблеми на целото општество и за системски проблеми и ги повикаа своите професори, доценти, асистенти и сите специјалисти, да се солидаризирааат и да им се придружат во борбата за конечно решавање на нивните проблеми.

Апел упатија и до Министерството за здравство, да не остане глуво за нивните проблеми, потенцирајќи дека нема да се откажат од својата битка и дека ќе ги користат сите демократски алатки.

Специјализантите не прифаќаат договор за парцијално решение, бидејќи не го решава проблемот, а за битките кои се водат во здравствениот систем, ќе го информираат и меѓународниот фактор.

Законот за здравствена заштита се менуваше неколку пати и не опфаќаше ниту едно од нивните барања. На 27 јануари 2016 година во Собранието беше изгласано уште едно дополнување на Законот за здравствена заштита, без ниту едно исполнето барање од Петицијата, потпишaна од 350 лекари-специјализанти и идни специјализанти.

Сите тие бараат и промена во Законот за здравствена заштита, правна помош добиваат и од Хелшински комитет за човекови права, а информиран е и Народниот правобранител кој е во процес на подготовка на предлог-измени на законот што ќе бидат предложени во Собранието.

Биљана Јордановска

Tags: Биљана ДодеваМинистерство за здравствоНароден правобранителПротестспецијализантиХелешински комитет за човекови праваЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ