• Latest

Средношколците ја започнаа училишната година на тетовскиот плоштад!

September 26, 2016

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Средношколците ја започнаа училишната година на тетовскиот плоштад!

September 26, 2016 17:39
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Средношколците од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, кои учат на македонски јазик, училишната година ја започнаа денеска, но наставата ја одржаа на градскиот плоштад во Тетово, а не во своите училници. Учениците заедно со наставниците, на овој начин протестираа, барајќи од Општината и од надлежните институции да им изградат ново училиште.

Ова е ставот на дел од учениците со кои денеска разговараше Гезим Османи, граѓански новинар од Тетово.

 

20160926_102117

Околу 250 ученици од оваa гимназија, учат поделени во повеќе објекти во лоши услови, одделени од своите сооученици кои учат на албански јазик. Ова треба да е привремено решение. Според ветувањата на надлежните, учениците ја чекаат доградбата на централниот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, но веќе три години овој проблем не се решава.

20160926_102123

Уште во 2014 та година, градоначалничката Теута Арифи заедно со тогашниот министер за образование Абдулаќим Адеми, им ветуваа на учениците и започнаа и со активности за подобрување на состојбата и за решавање на овој проблем. Но, до денес се остана на ветувања.

Учениците следат настава во зградата на Работничкиот универзитет, без соодветни услови, со уништен инвентар и со нередовно греење.

Ова не е прв протест на средношколците во Тетово, откако започна учебната година. Претходно, тие протестираа и за превозот, затоа што, како што велат учениците, Општината не платила за превоз. Родителите на учениците се организираа и вложија свои средства за нивните деца да присуствуваат на наставата, иако им беше ветен бесплатен превоз и од Општината и од Владата.

Текст и фото: Гезим Османи


Оваа содржина се објавува во рамките на првиотciviv-lenses-logo-en-copy-500x414 круг од натпреварот за граѓански новинари од новиот проект Граѓански објектив, што во организација на ЦИВИЛ, а поддржан од National Endowment for Democracy, ќе се одвива следните 12 месеци, почнувајќи од октомври годинава. Содржината на прилогот е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

Tags: ветувањеМакедонијаплоштадПротестсредношколциТетовоучебна годинаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ