• Latest
Претседателот Џафери, денес, на маргините на состанокот на високо ниво на спикери на парламенти на земји членки на НАТО, оствари средба со првата потпретседателка на Националното собрание на Француската Република, Валери Рабо на нејзино барање.

Средба на Џафери со првата потпретседателка на Националното собрание на Француската Република Рабо

June 2, 2023
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Средба на Џафери со првата потпретседателка на Националното собрание на Француската Република Рабо

June 2, 2023 18:13
in ВЕСТИ
Претседателот Џафери, денес, на маргините на состанокот на високо ниво на спикери на парламенти на земји членки на НАТО, оствари средба со првата потпретседателка на Националното собрание на Француската Република, Валери Рабо на нејзино барање.

Претседателот Џафери, денес, на маргините на состанокот на високо ниво на спикери на парламенти на земји членки на НАТО, оствари средба со првата потпретседателка на Националното собрание на Француската Република, Валери Рабо на нејзино барање.

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Џафери, денес, на маргините на состанокот на високо ниво на спикери на парламенти на земји членки на НАТО, оствари средба со првата потпретседателка на Националното собрание на Француската Република, Валери Рабо на нејзино барање.

 

Претседателот на Собранието, Џафери, изрази задоволство за динамиката на средби меѓу политичките претставници на двете држави. Ја поздрави ре-афирмираната посветеност на Франција за регионот, согласно Стратегијата за европска интеграција на Западен Балкан, со што недвојбено се потврдува стратешката ориентација за полноправно членство на нашите земји во Европската унија. Соговорничката беше информирана за актуелните случувања на полето на евроинтеграциите во земјата, како и за преземените активности за помош и поддршка на Украина, нејзините институции и нејзините граѓани.

Потпретседателката Рабо го поздрави одржувањето на оваа средба, особено по испратените пораки на претседателот Џафери во неговото обраќање на состанокот, за поголемо обединување и заедничко делување во рамките на НАТО. Беше искажан став дека оваа соработка треба да биде комплементарно надополнета со целите на Европската унија, особено имајќи предвид колку е постигнато во изминатата година во зајакнување на нејзината стратешка автономија.

Од нејзина страна беше потенциран концептот на претседателот Макрон за развој на Европската унија и унапредување на евроинтегративниот пат на земјите кандидати и беше искажана поддршка за следните чекори кои треба да се преземат во Република Северна Македонија за продолжување со процесот на преговори за членство во Унијата.

Соговорниците беа согласни дека соработката меѓу двата парламента треба да продолжи преку Групите за пријателство и соработка и да се унапредува во иднина. Претседателот Џафери иницираше подигнување на соработката на повисоко ниво, на претседатели на парламенти, преку остварување на билатерални посети во Скопје и Париз оваа година, со неговата колешка во Националното собрание на Француската Република, Јаел Брон Пиве.

Tags: РабосредбаЏафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ