• Latest

Средба Петровска – Борел: Европската Унија со 9 милиони евра ќе го поддржи процесот на опремување и модернизација на Армијата на Северна Македонија

March 17, 2023

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Средба Петровска – Борел: Европската Унија со 9 милиони евра ќе го поддржи процесот на опремување и модернизација на Армијата на Северна Македонија

March 17, 2023 18:33
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Министерството за одбрана, министерката Славјанка Петровска го пречека високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел кој престојува во посета на Северна Македонија.

Високиот претставник на Унијата, Борел за време на свечениот пречек се ракуваше со дел од припадниците на Армијата кои учествувале во операцијата на ЕУ во БиХ и мисијата на ЕУ во Централноафриканската Република и им се заблагодари за придонесот кон регионалната и глобалната безбедност, информира МО.

На средбата помеѓу двете делегации стана збор за одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Европската Унија, која има засилена динамика што резултираше со подготвеноста на Унијата преку Европскиот мировен фонд со 9 милиони евра да го поддржи процесот на опремување и модернизација на Армијата на Република Северна Македонија.

Министерката Петровска му се заблагодари на високиот претставник на Унијата, Борел, за поддршката од Европскиот мировен фонд за модернизација и зајакнување на капацитетите на Армијата.
„Северна Македонија го започна пристапниот процес во Унијата, а нашата надворешна политика е целосно усогласена со политиката на Унијата. Ние припаѓаме на Европа и затоа сме амбициозни во заедничките напори за интензивирање на одбранбената соработка. Средствата кои Европскиот мировен фонд ги издвои за унапредување на опремата на Армијата на Северна Македонија ќе ги зацврстат капацитетите на Армијата, особено на Лесната пешадиска баталјонска група“, рече министерката Петровска.

Во контекст на нашиот придонес кон регионалната безбедност, Петровска порача дека припадниците на Армијата даваат и личен придонес кон стабилноста на регионот и на Босна и Херцеговина преку 17-годишното учество во операцијата на ЕУ во оваа земја, ЕУФОР-АЛТЕА и успешната контрибуција во борбените групи на Унијата во 2012 година предводена од Германија, во 2014 година предводена од Белгија и во моментов, односно првата половина на 2023 година, предводена од Грција.

„Северна Македонија е одговорен и активен партнер на Европската Унија во зацврстувањето на стабилноста и безбедноста на регионот. Седумнаесет години сме дел од операцијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина, со што покажавме дека сме одговорна земја која не отстапува од примарната цел – мирен, стабилен, безбеден Западен Балкан“, подвлече Петровска.

Високиот европски претставник, Борел, ја поздрави поддршката на Република Северна Македонија за Украина, како држава која ја брани сопствената територија, порача дека Унијата е посветена на развојот на одбранбената соработка со Северна Македонија и оддаде признание за нашиот долгогодишен придонес кон регионалната и глобалната безбедност.

Со одлуката Европскиот мировен фонд да додели 9 милиони евра за унапредување на опремата на Армијата на Северна Македонија, Европската Унија дава свој придонес за зајакнување на Армијата која активно учествува во мисиите и операциите на ЕУ. Се радувам што имав можност да поразговарам со жените и мажите припадници на Армијата, кои служеле во мисии предводени од ЕУ. Ви честитам и благодарам и се надевам дека ќе продолжите со вашето учество во мисии, – рече Борел и потенцираше дека тоа е јасен показател на посветеноста на Европската Унија за зајакнување на соработката во безбедноста и одбраната, со – како што рече, идните земји членки на Унијата од Западен Балкан, се вели во соопштението од МО.

Tags: АрмијабезбедностБорелЗападен БалканодбранаПетровска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ