УТРИНСКИ КОЛУМНИ
Банкарското лоби во Македонија – не се тоа (само) директорите на банките, туку нивните главни акционери, што не се бројат во повеќе од стотина семејства – без сомневање е највлијателниот круг на луѓе кои ја „топат“ секоја политичка елита на власт (нормално, кога и персонално самите не се на власт). Нема премиер, министер за финансии, а ретко и гувернер на Народна банка, кој смее да им чепне во профитот… Нема ни обвинител кој може да ги вознемири – дури и кога една банка славно ќе пропадне, секогаш се виновни глупавите штедачи! Нема судија што може да досуди вон нивна корист, дури и кога правото треба да се изгази под нозе… Впрочем, најголемите криминали се секогаш законски, бидејќи и „надлежните“ закони се така направени, што банкарското лоби одамна си ја има обезбедено неказнивоста во нив, а во најлош случај така легално ќе се одолговлечат постапките, што сите засегнати страни попрво (банкротирани) ќе испоцркаат, пред да дочекаат правосилна судска одлука што е против нечиј банкарски интерес, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Светата крава“ на банкарството топ не ја бие! “.
ЦИВИЛ со осуда на секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин
ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, која во континуитет спроведува мониторинг на општествените и политичките процеси, како и на дезинформациите и говорот на омразата. Организацијата остро го осудува секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин.
ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат дезинформации и говор на омразата преку онлајн Граѓанска пријава, како и во директна комуникација со организацијата.
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
НАСТАНИ
СРЕДБА : Можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата, ќе биде тема на најавената за денеска средба на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.
Средбата треба да се одржи во Клубот на пратениците во 15:30 часот.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески синоќа на ТВ 24 кажа дека имаат мнозинство во овој момент од 61 пратеник, како и дека Заев ќе има средба со лидерот на Алтернатива и други претставници на опозицијата на која ќе се разговара со зголемување на новото парламентарно мнозинство.
ПОСЕТА: Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Претседателот Дуда, ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија.
Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.
.ДЕБАТА: Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска во Мадрид ќе учествува на тркалезна маса посветена на пoлитиката на проширување на ЕУ.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, покрај Димитров на форумот ќе учествуваат државниот секретар за ЕУ на Шпанија, претставникот на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, како и високи претставници за европски и надворешни работи од регионот. Тема на дискусијата ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан од аспект на заложбите на актуелното претседателство и изгледите за идно членство во Унијата. АРМИЈА: Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе бидат промовирани нови 70 подофицери на Армијата на Република Северна Македонија.На свеченоста ќе се обрати министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Новите подофицери се од армиските родови: артилерија, врски, пешадија, специјални единици, воздухопловно-техничка служба, интендантска служба, сообраќајна служба, техничка служба и санитетска служба. Тие во периодот август – ноември посетуваа курс за подофицери во Кампот за обука „Пепелиште“ на Армискиот полигон „Криволак“.
МЕДИУМИ: Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски денеска ќе ги отвори Деновите на медиумска писменост 2021 година.
Во периодот од 22 до 29 ноември, под мотото „Виртуелно или реално – правилата се исти! Да бидеме медиумски писмени“, во организација на АВМУ и Мрежата за медиумска писменост ќе се одржат повеќе настани, онлајн и/или во живо. Тие се посветени на градењето и развојот на критичката свесност кај децата и младите, но и кај други целни групи кои се директно или индиректно поврзани со нив.
ОТВАРАЊЕ: Во Скопје денеска ќе бидат отворени Центарот за поддршка на социјални претпријатија и првиот Национален саем за социјални претпријатија.
На остворање обраќања че имаат министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, раководителот на Секторот за соработка при Делегацијата на Европска Унија Штефен Худолин и тим лидерот на проектот „Поддршка на социјални претпријатија“ Барбара Садовска.
КОНФЕРЕНЦИЈА: Деветтата годишна меѓународна конференција на Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ) денеска ќе се одржи виртуелно на платформата „Зум“. Темата на конференцијата е „ИСО Стандарди за превод и толкување – Опција или обврска?“
На конференцијата ќе се обратат претседателката на ЗПРМ Ана Попова Манасиевска, раководителот на одделението за општа стандардизација, Институт за стандардизација (ИСРСМ) Горан Плетварски, претседавачот на Работната група за превод при Техничкиот комитет 37 за јазици и терминологија на ИСО, поткомитет 5, Хулио Монтеро…
КУЛТУРА: По повод 700 години од смртта на големиот италијански поет Данте Алигиери во Националаната опера и балет, вечер со почеток од 20 часот ќе биде изведена операта „Дрдорењата на Лапо“ на композиторот Џо Скитино.
Операта е истовремено традиционална и современа, бидејќи обработува теми и настани од време кое се случило пред 700 години, но кои и денес се актуелни, се работи за заплети поврзани со пријателството, политиката и предавството. Посветена е на Данте Алигиери и на неговиот пријател кој исто така бил врвен поет и значаен човек. Како современици и пријатели тие имале улога во тогашниот политички живот, а таа нивна политичка определеност понатаму ќе предивика и нивно разделување. Дејствието се случува во Фиренца каде двајцата живееле и твореле.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев