ВЕСТ НА ДЕНОТ
На 1 и 2 декември полскиот град Лоѓ е домаќин на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Годишниот состанок на министрите за надворешни работи на 57-те земји-членки на ОБСЕ e на покана на претседавачот на ОБСЕ, полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау. Забележително беше отсуството на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој сакаше да се приклучи на состанокот, но од Полска, актуелниот претседавач со ОБСЕ, му беше забранет влез во земјата.
„Би рекол дека е срамота да се слушне како Русија го обвинува претседавањето за туркање на ОБСЕ во бездна, уништување на нејзините основи и кршење на процедуралните правила“, рече Рау.
During the opening session of #OSCEMC2022, FM @RauZbigniew underlined that in the face of Russia's aggression against Ukraine, the @OSCE leadership, supported by the vast majority of participating States, has responded to the challenge in a responsible and thoughtful way. pic.twitter.com/l6UTEQtoxN
— Polish OSCE Chairmanship 2022 (@PLinOSCE) December 1, 2022
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Од Владата постои волја, објаснувачките скрининзи беа диркетно пренесувани и можеа да ги следат сите граѓански организации. Подготвени сме во секоја работна група да има учесник од граѓанскиот сектор, на начин на кој тие ќе изберат… Наш интерес е невладините да учествуваат, бидејќи тие имаат сериозна експертиза во некои области, која недостига во одредени институции“, изјави вицепремиерот за европски прашња, Бојан Маричиќ во интервју за „Фронтлајн“.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Речиси половина од електричната мрежа во Украина и денеска останува во прекин, една недела по најновите руски напади врз енергетската инфраструктура, соопшти приватниот оператор ДТЕК, нагласувајќи дека десетици работници се убиени или повредени.
„Генератори на надеж“ – кампања што заеднички ја започнаа Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент и Дарио Нардела, претседател на Eurocities – ќе донесе практична помош за народот на Украина, со испорака на масовно снабдување со генератори на струја во време на итна потреба.
Лажна фотографија од посетата на полскиот премиер Матеуш Моравјецки на Кијив беше распространета низ руските Телеграм канали. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки всушност не положи цвеќе на споменикот на Степан Бандера за време на неговото патување. Оваа дезинформација беше распространета низ проруските канали на Телеграм, социјалните мрежи управувани од пропагандни експерти и онлајн медиуми.
ФЛЕШ ВЕСТИ
БУЏЕТ Општините во Македонија над 70 отсто од парите ги добиваат од Владата, а за капитални инвестиции трошат помалку од 20 отсто од буџетите. Има општини коишто речиси целосно преживуваат од владини донации и немаат ниту денар за капитални инвестиции.
ПРАВДА Уставниот суд ги отфрли иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на изборот на претседател на Собранието и за првиот заменик претседател на Владата.
АНТИКОРУПЦИЈА Со потпишување на Декларација за заложба за борба против корупција, подмладоците на девет политички партии се обврзаа на заеднички чекори за борба против корупција, информираа денеска од Коалицијата на младински организации СЕГА.
ЕНЕРГЕТИКА Петте фирми кои имаат поставени фотоволтаици, за кои имаше застој во одобрувањето на броилата, од денеска ќе бидат снабдувани со електрична енергија од „ЕСМ продажба“ по 80 евра за мегават час, информира АД ЕСМ.
AL -PRESS
Редакциски избор од албански медиуми:
Фемицидот во Косово: Жените се убиваат затоа што се жени, отворено писмо до Курти, младите Албанци повеќе сакаат да се идентификуваат како западњаци
ЦИВИЛ
Динамична агенда на меѓународниот семинар на ЦИВИЛ за борба против дезинформациите
Семинарот „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ започнува в понеделник, 5 декември, во 9:30 часот, во хотел Сити Парк. Цивил, во партнерство со Youth4Media (Y4M) од Германија подготви навистина богата и динамична програма на семинарот, што е дел од првото издание на Меѓународната недела на новинарството отпорно на дезинформациите и пропагандата.
За учесничките и учесниците на семинарот се отвораат можности за соработка со Цивил и со партнерските организации, како и можноста за учество во меѓународната размена и практична обука во Германија и други европски држави.
Бројот на учесници на овој семинар е ограничен. Пријавувањето за учество на семинарот започна на 24 ноември и трае до 3 декември, 17 часот. Работниот јазик на семинарот е англискиот. Организаторите не ги покриваат трошоците за патување и престој во Скопје.
ИНТЕРВЈУ
Жил Штрифлер, Балкан Форум: Политиката служи за да се поделат луѓето и да се трупа капитал
АНАЛИЗИ
„Оваа година светот гледаше во ужас како Русија ја нападна Украина и започна кампања на лаги и дезинформации, што вклучуваше лажни и бесрамни тврдења дека Украина со поддршка на САД произведува биолошко оружје во своите јавни здравствени установи. Откако очајно не успеа да го убеди Советот за безбедност на ОН да ги истражи своите наводи, се очекува дека Русија сега ќе се обиде да ја прекине и потенцијално да ја попречи конференцијата за ревизија со своите континуирани дезинформациски кампањи. Постои мрачна и непогрешлива иронија на таквите наводи бидејќи Москва лажно ги обвинува другите за прекршувањата што самата Русија ги прави. Со падот на Советскиот Сојуз, Русија наследи огромна програма за биолошко оружје, која никогаш ниту ја објави ниту ја уништи“, пишува Амб. Бони Денис Џенкинс, потсекретар за контрола на оружјето и меѓународна безбедност во анализата „Забраната за биолошко оружје се соочува со можности и предизвици“.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Денешната политика на рф убиствено и доследно ја продолжува политиката на сталинистичка репресија насочена кон истребување на Украинците – прибегнува кон користење на храната како оружје – овој пат со цел да ја уценува светската заедница, предизвикувајќи прехранбена криза од нејзините дејствија. Со својата агресивна воена кампања против целиот свет, рф ја уништува украинската земјоделска инфраструктура, краде украинско жито од привремено окупираните територии на Украина и ја поткопува работата на Црноморската иницијатива за жито“, пишува украинската амвасадорка Лариса Дир во коментарот „Сè поголем број држави го прогласуваат Гладоморот за геноцид врз Украина, во тек е и иницијативата „Жито од Украина“ за борба против гладот во светот“.
Б. Јордановска