• Latest

Подмладоците на политичките партии потпишаа декларација за борба против корупцијата

December 1, 2022
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Подмладоците на политичките партии потпишаа декларација за борба против корупцијата

December 1, 2022 13:21
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со потпишување на Декларација за заложба за борба против корупција, подмладоците на девет политички партии се обврзаа на заеднички чекори за борба против корупција, информираа денеска од Коалицијата на младински организации СЕГА.

– Подмладоците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, Алтернатива, Левица, ГРОМ, ЛДП, и ПВМ и Коалиција на младински организации СЕГА, потпишувајќи ја Декларацијата, се обврзаа да преземат ефективни активности за борба против сите форми на корупција, поттикнување и промовирање на учество на младите во донесувањето на одлуки и активизам за гласно артикулирање на проблемите со корупција, стои во соопштението.

Зоран Илиески, извршен директор на Коалицијата СЕГА, вели дека граѓаните ја перципираат корупцијата како општествена норма.

– Загрижува тоа што корупцијата е проблем број еден на граѓаните, вклучително и младите и ги надмина егзистенцијалните проблеми како невработеност, високи цени и ниски примања. Оттука, неопходна е итна акција со вклученост на сите засегнати страни, особено со учество на младите, во борбата против корупција, смета Илиески.

Како што се појаснува, Декларацијата за заложба за борба против корупција се разви во рамки на проектот „Млади против корупција“, со вклученост на подмладоците на политичките партии и е потпишана на националната конференција вчера, во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА.

– Проектот „Млади против корупција“ го спроведува Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Агенцијата за млади и спорт и СИ Комуникации, со финансиска поддршка од Австриската агенција за развој преку програмата „Југоисточна Европа – Заедно против корупција“ на Регионалната антикорупциска иницијатива во партнерство со Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал. Проектот има за цел да се зголемат капацитетите на младинските лидери за препознавање, спречување и борба против корупцијата и коруптивното однесување кон ефективно имплементирање на UNCAC, се истакнува во соопштението.

Коалицијата на младински организации СЕГА е национална младинска чадор организација, формирана во 2004 година, работи на развивање и примена на младински политики на локално и национално ниво, ги поврзува и јакне младинските организации, со цел активирање на младите и подобрување на условите за нивен личен и професионален развој.

Tags: антикорупцијапартииСЕГА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ