Петте фирми кои имаат поставени фотоволтаици, за кои имаше застој во одобрувањето на броилата, од денеска ќе бидат снабдувани со електрична енергија од „ЕСМ продажба“ по 80 евра за мегават час, информира АД ЕСМ.
„На состанокот одржан меѓу РКЕ, АД ЕСМ, ЕВН Електродистрибуција и МЕМО, во согласност со Правилата за снабдување, одлучено е покрај договор за снабдување, петте фирми со ЕСМ Продажба да потпишат и договор за откуп на киловатите електрична енергија кои сами ги произведуваат, а кои нема да ги искористат и ќе ги вратат во мрежа.
ЕСМ Продажба, кој ќе ги снабдува по субвенционирана цена од 80е/MWh, ќе ги откупува нивните преостанати количини по цена од 80 евра минус 10%.
Договорите со петте фирми ќе бидат потпишани во текот на денот, и ќе важат од денеска.
Воведениот принцип ќе се применува и за сите други вакви случаи, доколку се појават при пријавувања за снабдување во следните месеци,“ се вели во соопштението.