• Latest
Кир Стармер (фото извор: ФБ страница)

Стармер: Лондон во потера по руската „флота во сенка“ – удар врз воената машинерија на Кремљ

March 30, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Стармер: Лондон во потера по руската „флота во сенка“ – удар врз воената машинерија на Кремљ

March 30, 2026 13:06
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Кир Стармер (фото извор: ФБ страница)

Кир Стармер (фото извор: ФБ страница)

Share on FacebookShare on Twitter

Британскиот премиер Кир Стармер вчера повторно нагласи дека ќе продолжи да прави сѐ што може за да ги заштити британските граѓани и да ги поддржи во овој период на глобална неизвесност.

Ова се надоврзува на низа претходни изјави дадени за медиумите и споделени на неговиот профил на социјалните мрежи, каде што тој, меѓу другото, отворено и решително зборува за заканата од рускиот агресор.

Така, во изјавата дадена од Хелсинки, британскиот премиер Кир Стармер најави засилени мерки против руската таканаречена „флота во сенка“, оценувајќи дека Кремљ се обидува да профитира од новите глобални кризи, особено од конфликтот на Блискиот Исток.

Во изјава објавена на социјалните мрежи, Стармер предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин „си ги трие рацете“ поради растот на цените на нафтата, очекувајќи дополнителни приходи што ќе ја финансираат војната против Украина.

„Како премиер, мојата прва должност е да ја заштитам безбедноста на земјата и британските интереси дома и во странство“, порача Стармер.

Тој нагласи дека британските вооружени сили добиле овластување да пресретнуваат и запираат руски бродови поврзани со „флотата во сенка“ во британските води – мрежа на танкери што Москва ја користи за да ги заобиколи санкциите и да извезува нафта.

Според британската влада, овие операции имаат за цел да го намалат приливот на средства што ја одржуваат руската воена машинерија.

Мерката доаѓа во време на зголемени геополитички тензии и раст на цените на енергенсите, што, според Лондон, директно му оди во прилог на Кремљ.

Британските власти нагласуваат дека пресретнувањето на овие бродови е дел од поширока стратегија за економски притисок врз Москва и за поддршка на Украина, со цел да се пресечат „валканите профити“ што ја финансираат руската агресија.

Со оваа одлука, Велика Британија прераснува во земја лидер во мерките за заострување на санкциите и за ограничување на руските енергетски приходи, во услови на сè поинтензивна глобална безбедносна криза.

Џ. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ