• Latest

Стартува проект за медиумско учество во преговорите за членство, Гир: Медиумите ни требаат како партнери на патот кон ЕУ

March 29, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Стартува проект за медиумско учество во преговорите за членство, Гир: Медиумите ни требаат како партнери на патот кон ЕУ

March 29, 2023 15:18
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Од сега, па до 2026 година, со поддршка од Европската Унија, ќе се спроведува проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Основна цел на проектот е да се надградат медиумските капацитети за покривање, следење и испитување на преговарачкиот процес.

На почетниот настан за проектот, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ истакна дека никогаш досега како денес не сме се соочувале со опасности од дезинформации, што се оркестрирани и организирани и кои се во директна релација со руската агресија врз Украина, како и со политичката нестабилност во одредени држави во регионот, па и наши соседи и кои се во директна корелација со се што се случува кај нас, околу поткопувањето на проевропското расположение кај граѓаните.

– Не е точно дека Македонците и сите останати народи и заедници во државава кои одговараат на анкетите, се против ЕУ. Се уште сум сигурен дека членството во ЕУ има популарност и поддршка од 85 до 90 проценти. Тие кои одговараат дека веќе не се толкави ентузијасти се практично разочарани проевропски настроени граѓани поради тоа што се случувало минатите години поврзано со блокадите со кои се соочивме. Разочарани се дека се уште немаме точен датум кога ќе станеме членка на ЕУ, како и поради темпото на реформите, но мислам дека од таа точка можеме да направиме пресврт доколку работиме заеднички и доколку ја сфатиме сопствената мисија. Во овој случај и за оваа кауза, Владата, граѓанското општество и медиумите имаат заедничка мисија која треба да ја спроведеме заедно, нагласи Маричиќ.

Владата, како што истакна, стои целосно на располагање за да го помогне овој проект и процес со информации, податоци и присуство.

– Сметаме дека ова е извонредно важен проект и процес. Со новата методологија процесот станува пополитички, има повеќе вклученост на политички актери на државите членки, бирократијата функционира, но се прилагодува и на политички прашања и ние сме должни во таа методологија да им го приближиме на граѓаните процесот на пристапување, бидејќи е долготраен и тежок. Што повеќе влеземе во тематска дискусија, поглавја, кластери, толку подобро ќе може да им објасниме на граѓаните зошто е важно да го забрзаме влезот во поглавјата. Има многу прашања за кои треба да ги информираме граѓаните, потенцира Маричиќ.

Евроамбасадорот Дејвид Гир нагласи дека улогата на медиумите и на граѓанското општество ќе биде клучна во објаснувањето на процесот, во анализата на предизвиците, кои претстојат и во пристапот до постигнатиот напредок, во помагањето да се разбере развојот и да се донесат преговорите за пристап во домовите на читателите, гледачите и слушателите низ целата земја.

– Во периодот од 2015 до 2020 година во државава, ЕУ поддржа проекти кои вклучуваат медиуми и граѓанско општество во медиумскиот сектор со грантови во вкупна вредност од повеќе од 3 милиони евра. Во поново време финансираме проекти во вредност од 1,4 милиони за поддршка на хармонизацијата на националната легислатива со онаа на ЕУ и многу повеќе. Овој проект што го започнуваме денес е само уште еден дополнителен пример за нашата постојана поддршка за овој сектор. Живееме во енормно предизвикувачки времиња. Само во изминатите три години доживеавме невидена глобална пандемија и војната на Русија во Украина која ги предизвикува основите на повоената безбедност и архитектура. И, се разбира, човештвото исто така се соочува со огромни предизвици пред нив. А, кога ќе се свртиме кон пристапувањето во ЕУ во последните неколку години, сведоци сме на нова итност од страна на ЕУ и лидерите на Западен Балкан и другите во однос на процесот на проширување, рече Гир.

За претставниците на медиумите и граѓанското општество, евроамбасадорот рече дека имаат посебна одговорност да ги разберат овие случувања, да ги објаснат и просветлат, да ги преиспитуваат и испрашуваат, да ги потиснат, а властите да продолжат решително со реформите и ЕУ да продолжи да ги исполни своите ветувања.

– Вие ни требате како партнери на патот кон ЕУ. Ние ја сакаме оваа земја во ЕУ, но тоа не може без вас, нагласи Гир обраќајќи им се на медиумите и граѓанското општество.

Tags: ГирЕУМаричиќМедиумите за ЕУ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ