Ирена Стеријовска, граѓанска активистка, смета дека живееме во време каде патриотизмот и национализмот се изедначуваат како еднакви, но она што секогаш треба да се знае е дека на крај на денот национализмот е негување чувства на омраза кон другиот.
Во разговор со ЦИВИЛ Медиа, Стеријовска зборуваше за разликите меѓу патриотизмот и национализмот и факторите што влијаат на граѓаните да се определат за национализмот.
„Патриотизмот е нешто да се направи вистински за генерациите што следат… Треба прецизно да се разграничат патриотизмот и национализмот, а луѓето убаво з=да ги разграничат сопствените чувства., да не генерализираат што може да ги доведе до погрешни заклучоци. Не треба да бидеш националист за да бидеш патриот“, изјави Стеријовска.
Според нејзиниот начин на толкување на просторот каде живееме дури уметничките движења, музичките правци, културниот развој својот никулец го имаат во некакви политички одлуки.
„Користењето на национализмот во моментот е една од најлесните карти со кои играат политичарите. Можеби затоа што претходно други, попаметни политичари играле на таа карта и се задржале на власт повеќе… Јас се надевам дека полека овие простори почнуваат да се лечат и да заздравуваат од трауматичните периоди… Според мене луѓето полека почнуваат да ги разграничуваат и интуитивно да ги дефинираат работите според реалните околности“, изјави Стеријовска во контекст на влијанието на политиката во негување на националистичките чувства.
„До сега сме биле сведоци на таков тип на манипулации патриотизам преку национализам, менување на контекстот на значењето на национализмот во омраза кон нешто што е туѓо…“, изјави Стеријовска.
Таа со доза на оптимизам смета дека граѓаните се доволно зрели да ги надминат политичките манипулации по вие прашања и да не потпаѓаат под нивно влијание.
Ангела Петровска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Обработка на текст: Биљана Јордановска
Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.